Во Лозово ќе се гради кафилерија, мршите веќе нема да завршуваат на депонии
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) најавува изградба на кафилерија. Фабриката во која ќе се преработуваат нус-производите од животинско потекло, ќе биде лоцирана во Општина Лозово и се очекува да профункционира во 2021 година. Како што вели за МИА директорот на АХВ, Зоран Атанасов, средствата, околу 9,5 милиони евра, се веќе обезбедени, а ќе бидат достапни од 2020 година.