Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Хигиенско-технички барања

Ако сакате да користите различни категории на НПЖП на едно место, мора:

  • Да ги чувате непреработените НПЖП во посебни простории, поделени со ѕидови од подот до таванот или со партиции;
  • Да ја чувате суровинaта НПЖП материјал одделно од сите преработени финални производи;

Ако вршите преработка на Kатегорија 3 материјали, ракување или складирање, мора да направите едно од следново:

∙ Да ги чувате Категорија 1 и 2 материјалите во посебен објект, и тоа:

  • Одделно од постројката за преработка на Категорија 3 материјал со ѕидови од подот до таванот или со партиции;
  • Да обезбедите посебен влез и излез;
  • Да докажете на официјалните ветеринари дека користите подеднакво ефикасен метод за одделување на Kатегорија 1 и 2 од Kатегоријата 3 материјалите;

 

Чистење на вашиот објект и возила

Мора да го чистите и дезинфицирате Вашиот објект и сите контејнери или возила што се користат за складирање или транспорт на НПЖП.
Треба:

  • Да направите и да спроведете план за чистење за сите делови на локацијата;
  • Редовно да ја проверувате локацијата и целата опрема за да бидете сигурни дека се чисти и да ги евидентирате резултатите;
  • Да имате систем за отстранување на отпадни води;
  • Целосно да ги дезинфицирате возилата, вклучително и тркалата, пред да влезат во чистите делови од Вашата локација;
  • Да бидете сигурни дека готовите производи не се контаминирани со активностите на чистењето или со манипулирањето;
  • Да имате програма за контрола на штетници како заштита од инсекти, глодачи, птици и други штетници.

 

Безбедност и вашиот персонал

Треба да:

  • Го контролирате движењето на персоналот помеѓу областите кои користат различни материјали на НПЖП;
  • Бидете сигурни дека облеката и обувки се дезинфицираат по употреба;
  • Осигурате дека персоналот ја менува заштитната облека кога се движи помеѓу областите кои користат различни категории на НПЖП;
  • Користите заштитна облека кодирана со боја за да го идентификувате персоналот кој работи во чистите или нечистите области;
  • Ги чистите и дезинфицирате заедничките области како што се тоалети, соблекувални и кантини;
  • Обучите персонал, така што тие да се запознаени со процедурите за безбедност на вашиот погон и водите евиденција за обуките;
  • Водите листа на секој персонал кој поседува добиток во случај на појава на болест што се пријавува.

 

Безбедност и вашата опрема

Вашата опрема може да шири болести ако не ја чистите и дезинфицирате.
Потребно е да:

  • Ја проверите целата опрема редовно за да бидете сигурни дека таа работи;
  • Користите обучен персонал за одржување за да ја поправите секоја скршена опрема;
  • Користите само една опрема за една категорија НПЖП обележани со соодветна боја;
  • Го ограничите движењето на опремата помеѓу чистите и нечисти делови на Вашиот објект;
  • Користите опрема за миење и дезинфекција, особено ако се движите помеѓу чисти и нечисти сектори;
  • Користите каустична деконтаминација за опрема која што се движи од местата за обработка на Категорија 1 до Категорија 2 или 3 материјали.

 

Натовар и растовар на НПЖП

Официјалниот ветеринар редовно ќе го проверува натоварот и растоварот на НПЖП во однос на безбедноста.
Генерално, натоварот и растоварот мора да се врши внатре во покриена област, но официјалните ветеринари можат да дозволат и други начини.
Натовар и растовар на НПЖП до објектот
Ако не можете да внесете возило во внатрешноста на Вашиот објект, може да Ви биде дозволено да натоварите или растоварите непосредно до објектот преку рампа наменета за таа цел.
Ова значи дека возилото или контејнерот се потпира до објектот и се празни или пополнува преку покриена рампа. Местото на празнење или полнење не смее да биде отворено према надвор.
Поголема е веројатноста да Ви биде дозволено да натоварите или растоварите до објектот кога материјалите што ги транспортирате не можат да се истурат, на пример трупот е побезбеден од течен отпад.

 

Растовар на НПЖП во надворешни дворови

Официјалните ветеринари можат да дозволат одредени НПЖП да бидат истоварени во надворешни дворови, ако материјалите:

  • Веднаш се преселат во објектот;
  • Се складирани во затворени контејнери или затворени пакувања и ако се суви (на пример свежи цели трупови, целосно солени кожи, рогови и копита).

Претходно официјалниот ветеринар ќе провери дали Вашиот двор е направен од бетон или друг материјал кој нема да дозволи течност да се пробие и да ја контаминира земјата.

 

Натовар на НПЖП во надворешни дворови

Ако сакате да ги натоварите материјалите на НПЖП во надворешни дворови, официјалните ветеринари ќе осигураат дека:

  • Материјали се чуваат надвор за најкраток можен временски период, и се соодветно натоварени на денот на испраќање;
  • Вашите контејнери се обезбедени од истекување и безбедно се покриваат веднаш по на товарот;
  • Теренот под и околу контејнерот е направен од бетон или друг материјал кој нема да дозволи да тече низ него;
  • Теренот може да се исчисти и дезинфицира, и има пад кон одводот.

 

Законодавство:

  • Правилник за посебните услови кои треба да ги исполнуваат преработените животински протеини и други преработени производи кои може да се користат како материјал за исхрана на животните во однос на стандардите за преработка, суровините, складирањето, увозот и хигиенските услови како и условите кои треба да ги исполнуваат објектите за производство на храна за домашни миленици и техничките објекти за производство на храна за домашни миленици и технички објекти и посебните технички услови за храна за домашни миленици и кучешки грицкалици во однос на суровините, стандардите за преработка и увозот [врска];
  • Правилник за условите кои треба да ги исполнуваат објектите за производство на храна за домашни миленици и техничките објекти за нус-производи од животинско потекло и посебните технички услови и постапки за преработка при ставање во промет и увоз на храна за домашни миленици и техничките производи од нус производи од животинско потекло [врска];
  • Правилник за посебните услови во однос на објектите, техничката опременост, како и постапките и барањата за вршење на соодветна дејност кои треба да ги исполнуваат преработувачките објекти за Категорија 1 материјали и Категорија 2 материјали на нус-производи од животинско потекло [врска];
  • Правилник за посебните услови во однос на објектите, техничката опременост, како и постапките и условите за вршење на соодветна дејност кои треба да ги исполнуваат преработувачките објекти за Категорија 3 материјали и посебните услови за преработени животински протеини и други преработени производи кои може да се користат к ко материјал за исхрана на животните [врска];
  • Правилник за техничките услови и начинот на вршење на работите кои треба да ги исполнат објектите за собирање и складирање на нус-производите од животинско потекло [врска];
  • Правилник за посебните услови во однос на објектите, техничката опременост како и постапките и условите за вршење на соодветна дејност кои треба да ги исполнуваат олеохемиските објекти и објектите за производство на биогас и компост [врска];