Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Февруари 2019

Планирање и координирање на обуките

Одделението за ОУЧР има за цел да го утврди начинот на спроведување на потребните активности за обука на вработените со цел да се обезбеди повисоко ниво на компетентност за извршување на работните задачи кои влијаат на квалитетот на услугите на Агенцијата за храна и ветеринарство.

Вработувања

Одделението за управување со човечки ресурси ги спроведува активностите и одговорностите на вработените вклучени во целокупниот процес на вработувањето и мобилноста во државна служба за потребите на органот, како и одјавувањето на вработените од АХВ.

Вработување по јавен оглас

Одделението за управување со човечки ресурси поднесува барање за објавување на јавен оглас за пополнување на работни места за потребите на Агенцијата за храна и ветеринарство до Агенција за администрација со следните податоци:

AХВ спроведе еко акција за почиста животна средина

16.02.2019
Еко акција за чистење и уредување на дворот спроведоа денес вработените на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) во координација со Министерството за животна средина и просторно планирање и во соработка со комуналната служба на Општина Аеродром. Акцијата која се реализира денес е во рамки на спроведување на владините мерки за намалување на аерозагадувањето и заштита и унапредување на животната средина.

Нема небезбедни мандарини на македонскиот пазар

13.02.2019
Како контакт точка на Системот за брзо предупредување за храна и храна за исхрана на животни (РАССФ) на Европската унија, Агенцијата за храна и ветеринарство досега нема добиено нотификација дека на пазарот на нашата земја се пласирани небезбедни мандарини, вклучително и мандарини кои се увезуваат од Република Турција. Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство вршат континуирани контроли и на пратките со цитрусно овошје кои се увезуваат во земјава, вклучително и на увозот на мандарини од Република Турција.

Експланаторен скрининг за поглавјето 12 - безбедност на храна, ветеринарна и фитосанитарна политика

12.02.2019
Експланаторниот /објаснувачки/ скрининг претставува процес во кој Европската комисија дава детален преглед на Европското законодавство во сите 33 поглавја во кои е групирано целокупното Acquis Communautaire (целокупното европско законодавство, што ги вклучува основачките акти на ЕУ, како и сите регулативи, директиви, одлуки, правна практика, но и меѓународните акти кон кои пристапила ЕУ во рамките на Обединетите Нации и Советот на Европа.

АХВ е законски обврзана и ја информира јавноста за небезбедна храна на пазарот

11.02.2019
Не е пракса на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) да објавува што и каде е дистрибуирано се додека тоа не претставува опасност по здравјето на граѓаните, рече  директорот Зоран Атанасов, одговорајќи на новинарски прашања во врска со последниот Извештај на Институтот за јавно здравје и утврдените количества тешки метали во некои прехранбени производи.

Одделение за ветеринарно - медицински препарати

Агенцијата за храна и ветеринарство /Секторот за ветеринарно јавно здравство/Одделението за ветеринарно медицински препарати согласно Законот за ветеринарно – медицински препарати (“Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 42/10, 136/11, 149/15, 53/16 и 241/18) како и подзаконските акти кои произлегуваат од истиот ги спроведува условите и постапките за одобрување за ставање во промет, производство, увоз, поседување, промет, употреба и контрола на ветеринарно - медицинските препарати.

МЗШВ потпиша меморандум за соработка со „Слоуфуд Македонија“

06.02.2019
Mинистерството за земјоделство шумарство и водостопанство потпиша Меморандум за соработка со Националната организација „Слоуфуд Македонија“. Целта на соработката е зачувување на агробиодиверзитетот, унапредување на производствата на храна од мал обем и зачувување на автентични и органски производи, сето тоа во функција на руралниот развој и развојот на гастрономијата и туризмот.