Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Декември 2018

Производството, преработката и тргoвијата со свинско месо редовно се контролира

31.12.2018
Агенцијата за храна и ветеринарство најостро ја демантира изјавата на Ефтим Шаклев, претседател на Асоцијацијата на земјоделци, пренесена од неколку медиуми во која тој неосновано бара да се води контрола на продажбата на свежо свинско месо во земјава, упатувајќи барање свежото свинско месо во прометот да не е претходно замрзнато.

Трихинелозата присутна кај дивечот во РМ

28.12.2018
Со лабораториско тестирање на земени 170 мостри од застрелани диви свињи, во рамки на Мониторинг програмата, Агенцијата за храна и ветеринарство утврди присуство на болеста Трихинелоза кај девет единки – 5 во регионот на Радовиш, 2 во Кривопаленечко, 1 позитивна мостра е утврдена кај дива свиња во Валандово, и една во Тетовско.

Минерална вода

Природните минерални води, изворските води и другите пакувани води

Природните минерални води, изворските води и другите пакувани води се производи кои пред да се стават на пазарот во Република Северна Македонија треба да бидат одобрени од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство.

Идентификација и регистрација на животни

Одделението за идентификација и регистрација на животните се наоѓа во рамките на Секторот за здравствена заштита и благосотојба на животните. Одделението има развиено активни модули за идентификација и регистрација на животни, како дел од информационениот систем на агенцијата за храна и ветеринарство (ИСАХВ).

Легислатива

Усогласувањето на националното законодавство за посебните барања за безбедност и за ставање во промет на природна минерална вода, изворска вода и друга пакувана вода  го штити потрошувачот на начин што обезбедува безбедни производи на пазарот и  им овозможува на операторите со храна искористување на природната минерална вода, изворската вода и друга пакувана вода и фер конкуренција на пазарот за слободно ставање во промет на производите во Република Северна Македонија.

Од почетокот на идната година АХВ почнува со одобрување на превозниците на живи животни

27.12.2018
Агенцијата за храна и ветеринарство од почетокот на идната година почнува со спроведување на активности за одобрување на комерцијалните превозници на живи животни. Станува збор за активности кои треба да се реализираат во согласност со одредбите за заштита и благосостојба на животните за време на превоз од Законот за заштита и благосостојба на животните и Правилникот за заштита и благосостојба на животните за време на превоз.

АХВ ќе одобрува превозници на живи животни

27.12.2018
Агенцијата за храна и ветеринарство од почетокот на идната година почнува со спроведување на активности за одобрување на комерцијалните превозници на живи животни. Станува збор за активности кои треба да се реализираат во согласност со одредбите за заштита и благосостојба на животните за време на превоз од Законот за заштита и благосостојба на животните и Правилникот за заштита и благосостојба на животните за време на превоз.