Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Октомври 2018

Успешно реализирана втората крводарителна акција годинава

29.10.2018
Директорот на Агенција за храна и ветеринарство Зоран Атанасов и триесеттина вработени во Агенцијата, денес со доброволно дарување крв ја потврдија својата хуманост и беа дел од крводарителната акција која се одржа во Агенцијата за храна и ветеринарство. Акцијата се реализира во организација на Црвениот крст на општина Центар и Заводот за трансфузициона медицина.

AХВ домаќин на Седмиот состанок на Постојана експертска работна група на југоисточна Европа за болеста на Чвореста кожа

19.10.2018
Под покровителство на Глобалната рамка за прогресивна контрола на прекугранични болести кај животните (GF-TADs), вчера и денес во Охрид, Агенцијата за храна и ветеринарство беше домаќин на Седмиот состанок на Постојана експертска работна група на југоисточна Европа за болеста на Чвореста кожа. На состанокот присуствува високи претставници од Европската комисија, од Генералниот директорат на ЕК за здравје и безбедност на храна, претставници од Светска организација за здравствена заштита на животните, Европска агенција за безбедност на храна, како и високи претставници од Организацијата за земјоделство и храна на Обединетите нации – ФАО, EU FMD, Европската референтна лабораторија, како и претставници од Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје, во својство на Национална референтна лабораторија за болеста на Чвореста кожа.

Во петок завршува вакцинацијата на лисиците против беснило, внимавајте и на домашните миленици

17.10.2018
Утре завршува реализацијата на есенската кампања на Агенцијата за храна и ветеринарство за орална вакцинација на лисците против беснило. Акцијата почна на 11 октомври од спортските аеродроми во Скопје и Штип. Во оваа кампања, заклучно со петок, авионски ќе бидат фрлени 500 илјади вакцинални мамки на целата територија на Република Северна Македонија, со исклучок на населените места, водените површини и високите планински врвови. Тринаесеттата вакцинација на лисиците против беснило Агенцијата ја реализира со финансиска поддршка од Европската унија.

Детектирано присуство на азиски тигрест комарец во РМ, нема регистрирано инфицирани случаи

17.10.2018
На територијата на Република Северна Македонија е детектиран азиски-тигрест комарец. Се врши мапирање на целата територија за да се утврди каде се е проширен овој комарец. Агенцијата спроведува дополнителни програми за евентуално утврдување дали овој комарец има пренесено болести кај животните, информираше на денешната прес-конференција во Владата на РМ, директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Зоран Атанасов, заедно со епидемиологот од Институтот за јавно здравје д-р Жарко Караџовски.

Нема небезбедни морски плодови на македонскиот пазар

16.10.2018
Како контакт точка на Системот за брзо предупредување за храна и храна за исхрана на животни (РАССФ) на Европската унија, Агенцијата за храна и ветеринарство досега нема добиено нотификација за небезбедна пратка сурими ракчиња по потекло од Јапонија. Како одговорна институција за безбедноста на храната ги информираме потрошувачите дека според Системот за евиденција на влез и транзит на пратки од животинско потекло на Агенцијата за храна и ветеринарство, увоз на ваков вид производ од Јапонија не е извршен.

2018-189 Решение за забрана на увоз на живи животни,производи и нуспроизводи од животинско потекло заради заштита од внесување на вирусот на њукастелска болест во РМ по потекло од САД

АХВ ја предаде донацијата во храна на СОС Детско село и на Пунктот за бездомни лица во Момин Поток

15.10.2018
Директорот на Агенција за храна и ветеринарство Зоран Атанасов, денес, на Пунктот за бездомни лица на Црвениот крст во Момин Поток и на СОС Детско село им ја предаде донацијата во храна која компаниите од прехранбениот сектор ја донираа во рамки на манифестацијата која вчера се одржа во Веро Центар по повод одбележување на 16 октомври – Светски ден на храната.

Прифатилиштата најсоодветен систем за контрола на популацијата кучиња

10.10.2018
Директорот на Агенција за храна и ветеринарство Зоран Атанасов, денес, на иницијатива на Агенцијата, во соработка со г-дин Брајан Фаулкнер, претставник на Кралското здружение за заштита на животните од суровост од Велика Британија (RSPCA), одржа состанок со претставници од Заедницата на единиците на локалната самоуправа – ЗЕЛС на кој се дискутираше за воспоставување на соодветен систем за контрола на бездомните кучиња од страна на општините.

Од утре почнува есенската кампања за вакцинација на лисиците против беснило

10.10.2018
Со авионско фрлање на вакцинални мамки, од утре, 11 Октомври, почнува тринаесеттата, есенска кампања на Агенцијата за храна и ветеринарство за вакцинација на лисиците против беснило која ќе се реализира со финансиска поддршка од Европската унија. На целата територија на Република Северна Македонија, со исклучок на населените места, водените површини и високите планински врвови заклучно со 19 Октомври, од спортските аеродроми во Скопје и Штип, ќе бидат фрлени 500 илјади вакцинални мамки.

АХВ донесе Решение за безбедносни мерки во однос на болеста африканска чума кај свињите

05.10.2018
Со цел спречување на евентуална појава и ширење на болеста Африканска свинска чума која е потврдена во соседна Бугарија, но и во други земји од Европа и регионот, Агенцијата за храна и ветеринарство донесе