Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари
Април 2018
Aтанасов за МИА: Инензивно се подготвува и извозот на свиско месо за ЕУ
Македонија интензивно работи на добивање дозвола за извоз на свежо свинско месо во ЕУ. Според директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Зоран Атанасов, за околу две години се очекува земјава да биде прогласена за слободна од свинска чума по што и ставена на листата за извоз.
– Почнаа активностите за проценка и зајакнување на биосигурноста на комерцијалните фарми за одгледување свињи.
Македонија скоро очекува дозвола за извоз и на пастрмка на ЕУ пазарот
Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Зоран Атанасов, очекува за еден до два месеца Македонија да биде ставена на листата на ЕУ за извоз на пастрмка на европскиот пазар. Како што вели за Македонската информативна агенција - МИА, прашалникот е пополнет пред две недели, а барањето не било воопшто едноставно.
Одржана третата работилница за биосигурност на свињарските фарми
Претставници од комерцијалните одгледувалишта на свињи и официјални ветеринари вчера беа дел од работилницата „Програма за мониторинг и надзор на високо заразни болести кај свињите, биосигурносни мерки и категоризација на одгледувалишта на свињи“, која се одржа во Скопје како трета работилница во рамки на твининг проектот МК 12 IPA AG 01 2016 за јакнење на капацитетите во Агенцијата за храна и ветеринарство, во делот на здравствена заштита на животните.
Се воспоставува соработка на полето на безбедноста на храната и меѓу Ирска и Македонија
Воспоставување на соработка на полето на безбедноста на храната, здравствената заштита и благосостојбата на животните меѓу македонските и операторите со храна од Република Ирска, во насока на позиционирање на идната економска соработка за која постои интерес да се воспостави и интензивира од страна на двете земји.
АХВ домаќин на работилницата „Анализа на ризик и воспоставување на чекори на подготвеност за справување со болеста лигвка и шап“
Агенцијата за храна и ветеринарство од 17 до 20 Април 2018 годна во Охрид беше домаќин на регионалната работилница „Анализа на ризик и воспоставување на чекори на подготвеност за справување со болести кај животните” која ја организира Европската Комисија за контрола на болеста лигавка и шап – ЕуФМД во рамки на компонентата 1.4 наменета за Балканот, од Работниот план на ова институција.
Соработката на АХВ со науката и живинарите, клучна за добивање дозвола за извоз на јајца и живинско месо во ЕУ
Врз основа на надлежностите од Законот за безбедност на храната, Агенцијата за храна и ветеринарство, преку контролата на целиот синџир за безбедност на храна по принципот ‘’Од нива до трпеза’’, во кој е вклучено и примарното производство, создаде услови и го отвори европскиот пазар за извоз на конзумни јајца.
Казни за пуштање во промет на брашно без лабораториски анализи
Агенцијата за храна и ветеринарство изрече глоби на две компании увозници на брашно за непочитување на изречена забрана за пуштање во промет на храна до добивање на резултати од извршени лабораториски испитувања, односно без решение со кое се одобрува пуштање во промет. Едниот оператор од увезените 50 илјади килограми брашно, непочитувајќи ја изречената забрана од инспекторите за храна, на пазарот пласирал 13.425 килограми брашно увезени од Република Србија.