Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Февруари 2017

Министрите за земјоделство ја поддржаа посветеноста на Светската организација за здравствена заштита на животните да ја обликуваат иднината на сточарството

06.02.2017
На 20 јануари 2018 година во Берлин, Германија се одржа десеттиот Глобален форум за храна и земјоделство на кој учествуваше и г-дин Љупчо Николовски, Министер за земјоделство, шумарство и водостопанство. На Глобалниот форум учествуваат вкупно 69-те делегации на министри кои до генералниот директор на Светската организација за здравствена заштита на животните (ОИЕ) и Организацијата за храна и земјоделство (ФАО) доставија документ со предлози за преземање активности во насока на дефинирање иднината на поодржливо, одговорно и ефикасно сточарско производство.

2017-12 Решение за забрана на увоз на живи животни,производи и нуспроизводи од животинско потекло заради заштита од внесување на вирусот на високо патогена авијарна инфлуенца во РМ со потекло од Кралството Шведска

2017-12 Решение за забрана на увоз на живи животни,производи и нуспроизводи од животинско потекло заради заштита од внесување на вирусот на високо патогена авијарна инфлуенца во РМ со потекло од Р.Полска

Нема нови случаи на птичји грип, состојбата будно се следи

03.02.2017
Состојбата во струшкото село Мороиште е мирна и будно се следи. До овој момент, сите земени брисеви за утврдување птичји грип се негативни, рече директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Зоран Поповски. Денеска, информира Поповски, се врши мониторинг во Мороишта и околните села во радиус од три километри. За овие пет дена вирусот не е проширен, но не може да се каже дека е исклучено болеста да се појави на друго место зашто се шири и преку дивите птици.

2017-11 Решение за забрана на увоз на живи животни,производи и нуспроизводи од животинско потекло заради заштита од внесување на вирусот на високо патогена авијарна инфлуенца во РМ по потекло од Р.Чешка

2017-11 Решение за забрана на увоз на живи животни,производи и нуспроизводи од животинско потекло заради заштита од внесување на вирусот на високо патогена авијарна инфлуенца во РМ по потекло од Р.Романија

Соопштение:Кривична пријава за сопствениците од Мороишта ако не ја дадат живината за уништување

01.02.2017
Во струшкото село Мороишта каде е потврдено присуство на болеста Птичји грип од типот АH5N8, продолжуваат активностите на стручните тимови на Агенцијата за храна и ветеринарство за убивање и нештетно отстранување на живината, со цел спречување на ширење на вирусот на Птичји грип. Отштета за одземената и уништена живина од државата ќе добијат сите сопственици на птици и живина, согласно извршениот попис во домаќинствата.