Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Соопштение:Кривична пријава за сопствениците од Мороишта ако не ја дадат живината за уништување

01.02.2017
Соопштение:Кривична пријава за сопствениците од Мороишта ако не ја дадат живината за уништување

Во струшкото село Мороишта каде е потврдено присуство на болеста Птичји грип од типот АH5N8, продолжуваат активностите на стручните тимови на Агенцијата за храна и ветеринарство за убивање и нештетно отстранување на живината, со цел спречување на ширење на вирусот на Птичји грип. Отштета за одземената и уништена живина од државата ќе добијат сите сопственици на птици и живина, согласно извршениот попис во домаќинствата.

Денес, ќе бидат одземени, заклани и отстранети птиците од сопствениците кои вчера се спротвставиле и не дозволиле одземање на живината.Против сопствениците на птици кои нема да се одзват на повикот на Агенцијата за храна и ветеринарство и ќе се спротивстават на одземањето на живината ќе бидат поднесени кривични пријави за ширење на заразна болест согласно законските прописи.
По завршивање на акцијата за одземање, уништување и нештетно отстранување на живината, во селото Мороишта ќе биде спроведена целосна дезинфенција.
Агенцијата за храна и ветеринарство потсетува дека детектираниот вирус на Птичји грип во селото Мороишта не е опасен по здравјето на луѓето, туку само за птиците.
Целосното уништување на птиците е единствен начин за сузбивање и спречување на ширење на вирусот. Стручни тимови на Агенцијата вршат мониторинг на птиците и во соседните села и постојано се земаат мостри за лабораториско испитување.
По завршување на активностите за сузбивање и спречување на ширењето на болеста Птичји грип во струшкото село Мороишта, Агенцијата за храна и ветеринарство ќе одржи прес конференција на која ќе ја информира јавноста за преземените мерки и за состојбата со болеста.

Категорија