Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Февруари 2017

АХВ, прва државна институција ресертифицирана по стандардот ISO 9001:2015

15.02.2017
Агенцијата за храна и ветеринарство е прва државна институција ресертифицирана по стандардот ISO 9001:2015 за управување со квалитет, што претставува значаен меѓународен сертификат за управување со квалитетот во организацијата. Аудитори од сертификациското тело МКС, дел од меѓународната групација Quality Austria, на 12 и 13 февруари, по спроведената проверка за усогласеност со барањата на ISO 9001:2015 стандардот за управување со квалитет дадоа позитивна оценка за сработеното и го ресертифицираа Системот за квалитет на Агенцијата за храна и ветеринарство.

2017-16 Решение за забрана на увоз на живи животни, производи и нуспроизводи од животинско потекло заради заштита од внесување на вирусот на високо патогена авијарна инфлуенца во РМ по потекло од Р.Хрватска

Нема небезбедни производи на Лакталис на македонскиот пазар

11.02.2017
Како контакт точка за Системот за брзо предупредување за храна и храна за животни (Rapid Alert System for Food and Feed) на Европската Унија, Агенцијата за храна и ветеринарство досега нема добиено нотификација дека на македонскиот пазар се пласирани небезбедни количини млеко и над 600 млечни производи на компанијата „Лакталис“ за кои Француската влада соопштила дека се повлекуваат од продажба поради стравување дека постои опасност тие да се заразени со салмонела.

2017-8 Решение за забрана на увоз на живи животни,производи и нуспроизводи од животинско потекло заради заштита од внес на вирусот на високо патогена авијарна инфлуенца во РМ по потекло од Република Словачка

Мобилната апликација Органски пат претставена и пред АХВ

06.02.2017
Заменик директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Фирус Мемед и претставници од Одделението за заштита на потрошувачите, денес одржаа работен состанок со првите луѓе на Организацијата на потрошувачи на Македонија, здружението на агроновинари на Република Северна Македонија Медиа плус и Асоцијацијата за развојни иницијативи – Зенит. Претставниците на невладиниот сектор го образложија проектот „Преминете на органско – потрошувачите во центарот на земјоделската политика“, што е финансиран од Европската унија, кој заедно го реализираат трите невладини организации.

ФАО им помага на ветеринарите на Балканот, во Источна Европа да се борат против болестите кај говедата

06.02.2017
Теренски прирачник на ФАО за ветеринари за болеста Чвореста кожа е сега достапен на шест јазици да помогне во превенирање и контрола на оваа болест кај говедата која зема замав во Европа од 2015 година. Ова е надополнување на неодамна спроведената обука за обучувачи во Македонија со помош на ФАО, за болеста која исто така ги напаѓа преживарите - Син јазик.