Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

 
ADC-FSS

Раната детекција и брзото пријавување на сомнеж, клучни во борбата против болеста чума кај малите преживари

13.08.2024
Воспоставен е засилен 24 часовен надзор на сите гранични премини, со акцент на премините кон земјите каде е потврдено присуство на болеста Чума кај малите преживари, остварени се средби и координирани се активностите со Министерството за локална самоуправа

АХВ донесе Решение за безбедносни мерки во однос на болеста Чума кај малите преживари

09.08.2024
Врз основа на член 55 става 3 и 6, точка 2 од Законот за ветеринарно здравство, поради  неповолната епидемиолошка  состојба со болеста Чума кај малите преживари која е потврдена во Република Грција и заради ризикот од проширување на болеста  во земјава, Директорот на Агенција за храна и ветеринарство  донесе Решение за безбедносни мерки во однос на оваа болест. 

Одгледувачите на овци и кози да ги засилат мерките за заштита од болеста Чума кај малите преживари

09.08.2024
Агенцијата за храна и ветеринарство ја следи состојбата со болеста Чума кај малите преживари (Peste des Pestitis  Ruminants) која е потврдена во регионов. Со цел зачувување на статус земја слободна од болеста, на сила се решенијата за забрана на увоз и транзит на живи животни (домашни и диви овци и кози) и производи и нус производи од животинско потекло од регионите каде е потврдена болеста

Потенцијално небезбедните коцки за супа не се пуштени во промет, целокупното количество складирано во магацинот на увозникот

01.08.2024
Во врска со шпекулациите објавени на социјалните мрежи дека на пазарот се продаваат небезбедни производи, утврдено е дека целокупното увезено количество од производите со посочените серии и рокови на употреба не е пуштено во промет, односно, потенцијално небезбедните производи се наоѓаат во магацинот на увозникот.

АХВ почна итна постапка за повлекување од пазарот на потенцијално небезбедни коцки за супа

31.07.2024
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) почна итна постапка за повлекување од пазарот на потенцијално небезбедни коцки за супа од Хрватска, поради можно присуство на туѓо тело. Станува збор за говедска коцка за супа на производителот „Подравка“, серија 0507241, со рок  на употреба до 05.07.2025 година и пилешка коцка за супа серија 0307241, со рок до 03.07.2025 година
 Соопштенија АРХИВА НА ОДНОСИ СО ЈАВНОСТ  Видео
IPA