Се контролираат општините дали и колку имаат воспоставено систем за контрола на популацијата бездомни кучиња
Агенцијата за храна и ветеринарство активно работи на создавање услови за решавање на проблемот со бездомните кучиња. Испратен е допис до сите општини кои имаат законска обврска за воспоставување на соодветен систем за контрола на популацијата бездомни кучиња. Од страна на официјалните ветеринари се вршат контроли дали локалните самоуправи имаат донесено план и програми за контрола на популацијата бездомни кучиња и во која фаза на реализација се во делот на изградба на прифатилишта за бездомни животни, како најсоодветен систем за контрола на популација на кучиња кој општините имаат законска обврска да го воспостават.



