Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари
АХВ донесе забрана за увоз и употреба на желудник од живина во производството на подготовки и производи од месо
Поради утврдени потенцијали ризици од употребата на мускулниот дел од желудникот на живината по здравјето на луѓето, Агенцијата за храна и ветеринарство ( АХВ) донесе решение за забрана за увоз и употреба на пилешки желудник наменети за човечка исхрана, во производство на подготовки и производи од месо.
Спроведувањето на Годишната наредба за здравствена заштита на животните во фокусот на разговорите
Oвозможување на поквалитетни и навремени услуги од страна на ветеринарните друштва кон одгледувачите на добиток и сопствениците на домашни миленици во рамки на реализирањето на активностите согласно Годишната наредба за здравствена заштита на животните и , унапредување на соработката и размена на информации меѓу Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) и Ветеринарната комора, се дел од темите на кои денес разговараа директорот на АХВ Оливер Миланов, со претставници од Ветеринарната комора, предводени од претседателот Жарко Михајловски и извршниот директор Томислав Николовски.