Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

 
ADC-FSS

Одржан четвртиот состанок на Националниот совет за безбедност на храна и храна за животни

12.04.2019

Зајакнување на контролите на материјалите кои доаѓаат во контакт со храната, особено на пластичните и креирање на кампањи за подигнување на јавната свест за постоење на можна опасност од миграција на штетни материи од материјалите кои доаѓаат во контакт со храната во самата храна, планира во иднина да реализира Агенцијата за храна и ветеринарство како дел од активностите за контрола на безбедноста на храната и заштита на здравјето на потрошувачите.

АХВ го затвори стационарот Вардариште на 30 дена

06.04.2019

Поради појава на заразни заболувања кај бездомните животни и непостапување по дел од утврдените пропусти во работењето констатирани со извршената контрола на 19 март годинава, инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство изрекоа мерка за затворање на стационарот “Вардариште” со кое стопанисува јавното комунално претпријатие “Комунална хигиена” - Скопје. На сила е и изречена забрана за заловување на бездомни кучиња во рок од 30 дена.

Почна пролетното вакцинирање на лисиците против беснило

05.04.2019

Со авионско фрлање на вакцинални мамки почна пролетната кампања на Агенцијата за храна и ветеринарство за вакцинација на лисиците против беснило која ќе се реализира со финансиска поддршка од Европската унија. На целата територија на Република Северна Македонија, со исклучок на населените места, водените површини и високите планински врвови ќе бидат фрлени 500 илјади вакцинални мамки. Апелираме д граѓаните да внимаваат при движењето во природа и доколку најдат мамка никако да не ја допираат. Мамките се со кафена боја и наликуваат на чоколадни коцки.

Вакцинацијата и другите контролни мерки ја спречија епидемијата на болеста на чвореста кожа на Балканот

02.04.2019

Европската агенција за безбедност на храна го објави својот годишен извештај за статусот на Болеста на чвореста кожа на територијата на земјите од југоисточна Европа. Согласно најновите наоди, во извештајот се потврдува дека во југоисточна Европа нема појава на нови жаришта на оваа болест во текот на 2018 година. Бројот на појавени жаришта во 2017 година драстично е намален на 385 во споредба со идентификуваните 7,483 жаришта во 2016 година.

АХВ: Во „Лајка“ да има боксови и за коњите заловени на градските улици

01.04.2019

Како дел од активностите за решавање на проблемот со бездомните кучиња, утре во Скопје доаѓаат претставници од британското Кралско здружение за заштита на животни од суровост (RSPCA). Тие, заедно со претставници од Секоторот за благосостојба на животните од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), ќе го посетат новоотвореното прифатилиште „Лајка“. Како што вели за МИА директорот на АХВ, Зоран Атанасов, целта на посетата и соработката е „Лајка“ да се преадаптира во современ објект за прифаќање на кучињата-скитници со соодветни, подобри услови за згрижување.

 Соопштенија АРХИВА НА ОДНОСИ СО ЈАВНОСТ  Видео
IPA