Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 600 денари

АХВ со високи оценки од сертификациското тело MQS – потврдена ефективноста на системот за управување со квалитет

03.03.2026
Насловна слика

Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) успешно го заврши редовниот надзорен аудит спроведен од страна на сертификациско тело (MQS), при што беа констатирани позитивни наоди и високи оценки за воспоставениот, имплементиран и одржуван систем за управување со квалитет во институцијата. Аудитот беше реализиран согласно барањата на стандардот ISO 9001 2015 и опфати сеопфатна анализа на организациската посветеност на барањата на стандардот, управувачките процеси, оперативните процедури, како и степенот на нивна практична примена во секојдневното работење. Посебен акцент беше ставен на ефикасноста на интерните контролни механизми, управувањето со ризици и континуираното подобрување на институционалните перформанси.

Слика

Во својот извештај, аудиторскиот тим констатира дека Агенцијата демонстрира висок степен на институционална подготвеност, јасно дефинирани надлежности и одговорности, како и систематизиран пристап кон планирање, следење и оценување на работните процеси. Беше истакнато дека воспоставениот систем за управување со квалитет не претставува формална обврска, туку функционален систем кој реално придонесува за зголемување на ефикасноста, транспарентноста и отчетноста во работењето.

Позитивно беа оценети доследната примена и редовното ажурирање на процедурите и интерните акти, системот за интерни проверки и корективни мерки, континуираната едукација и професионален развој на вработените, дефинираните цели за квалитет и индикатори, задоловството на корисниците на услугите како и  ориентираноста кон корисниците.

Успешно реализираниот аудитот претставува значајна потврда дека Агенција за храна и ветеринарство функционира во согласност со стандардот за квалитет ИСО 9001 2025, обезбедувајќи сигурен и стабилен систем за заштита на јавното здравје, безбедноста на храната и здравјето и благосостојбата на животните.

-Овој резултат е плод на континуирана посветеност, професионалност и тимска работа на вработените во Агенцијата, како и на стратешката определба на раководството за градење модерна, транспарентна и ефикасна институција, усогласена со европските принципи и добри практики- истакна Оливер Миланов, директор на АХВ.

Агенцијата останува цврсто определена и во иднина да го надградува системот за управување со квалитет, преку унапредување на процесите, дигитализација на услугите и зајакнување на институционалните капацитети, со крајна цел – обезбедување највисоко ниво на заштита на здравјето на граѓаните преку безбедноста на храна.

Ознаки
Категорија