Во организација на Агенцијата за храна и ветеринарство и TAIEX инструментот на Европската комисија од 3 до 5 ноември 2025 година во Скопје се одржа Експертска мисија за имплементација на законодавството на ЕУ со националното законодавство во врска со рециклирани производи и материјали кои доаѓаат во контакт со храна.
Целта на работилницата е да им овозможи на учесниците да стекнат знаење и алатки за зајакнување на нивниот институционален капацитет за ефикасно спроведување на законодавството на ЕУ, поврзано со усогласување на националното законодавство и официјалните контроли на производи и материјали од рециклирана пластика.
Главни теми кои се обработуваа во текот на експертската мисија беа:
- Опег и дефиниции согласно ЕУ регулатива 2022/1616,
- Појаснување на процесите на рециклирање на ПЕТ амбалажа,
- Барање за собирање на пластичен отпад, деконтаминација и целосна обработка на рециклирана пластика,
- Авторизација и водичи за соодветни рециклирачки процеси од страна на ЕФСА,
- Подготовка за аудит: проверка на документација, официјални контроли.
- Означување на рециклирани производи и материјали.





