Зошто е важно?
Според СЗО, небезбедната храна може да предизвика повеќе од 200 болести – од дијареја до канцер. Со следење неколку едноставни чекори, го намалувате ризикот од зарази во вашиот дом.
Контролна листа за хигиена во кујната:
ЧИСТОТА
- Мијте раце пред и за време на готвење.
 - Дезинфицирајте ги работните површини и приборот.
 - Одржувајте ја кујната без штетници.
 
ОДДЕЛУВАЊЕ НА ХРАНАТА
- Суровото месо држете го одделно од приготвената храна.
 - Користете посебни даски штици и прибор за сечење.
 
ТЕМЕЛНО ГОТВЕЊЕ
- Месото, рибата и јајцата приготвувајте ги целосно.
 - Користете термометар за да ја проверите температурата (70°C+).
 
ПРАВИЛНО ЧУВАЊЕ
- Не оставајте ја храната на собна температура повеќе од 2 часа.
 - Расипливата храна чувајте ја <5°C или одржувајте ја >60°C.
 
БЕЗБЕДНО ОДМРЗНУВАЊЕ
- Одмрзнувајте во ладилник или микробранова – никогаш на собна температура.
 - КВАЛИТЕТ НА СОСТОЈКИ
 - Користете безбедна вода, свежи и пастеризирани производи.
 - Мијте го овошје то и зеленчукот, не користете храна по истекот на рокот.
 
БЕЗБЕДНОСТ ПРИ ПРИГОТВУВАЊЕ НА СКАРА
Скара = уживање, но и одговорност!
ЧИСТИ РАЦЕ И ПОВРШИНИ
- Мијте ги рацете пред и после допирање на суровото месо.
 - Исчистете ја скарата и приборот пред и по готвење.
 
СПРЕЧЕТЕ ВКРСТЕНА КОНТАМИНАЦИЈА
- Користете различен прибор и чинии за сурова и приготвена храна.
 
ГОТВЕТЕ НА ПРАВИЛНА ТЕМПЕРАТУРА
- Користете термометар!
 - Соковите од месото да бидат бистри; рибата – непрозирна.
 
СЛУЖЕТЕ ВЕДНАШ
- Храната држете ја топла (>60°C).
 - Остатоците од храна ставете ги во фрижидер во рок од 2 часа.
 
ОДМРЗНУВАЊЕ
- Безбедно одмрзнувајте во фрижидер или микробранова.
 
„Следењето на овие чекори може да спречи многу болести поврзани со храна – и да го заштити селото семејство
— Пиетро Стела, ЕФСА
Корисни врски: https://www.efsa.europa.eu/mk/safe2eat
Категорија