Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 600 денари

И месарниците под лупа на инспекторите на АХВ

04.05.2025
Агенција за храна и ветеринарство

Казни во вредност од осум илјади триста и педесет евра во денарска противвредност изрекоа инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) на четиринаесет оператори со храна – месарници за утврдени недоследности во работењето, во рамки на спроведените 73 вонредни инспекциски контроли. Надзорите, беа спроведени на 30 април годинава на целата терирорија на државава.

 

Како небезбедни уништени се 323 килограми храна. 

Со спроведените контроли на месарниците издадени се 23 решенија за отстранување на  утврдени недоследности. Тројца оператори ставале во промет небезбедна храна, кај 7 се утврдени недостатоци во поглед на спроведувањето на правилата на добра производстевна и хигиенска пракса, а 4 месарници немале спроведено задолжителен санитарен преглед на вработените.

Неправилности во поглед на означувањето на призводите утврдени се кај три месраници, а исто толкав број утврдено е дека не биле регистрирани како оператори со храна во Агенцијата за храна и ветеринарство.

 

Ознаки
Категорија