Европската агенција за безбедност на храна започна со нова проценка во однос на ризик од ширење на бактерии отпорни на антибиотици за време на транспорт на живи животни.
Оваа проценка на ризик се проведува на барање на Комитетот за животна средина, јавно здравје и безбедност на храна на Европскиот парламент, ќе се фокусира на ризикот од отпорни зоонотски бактерии кои се шират меѓу популацијата на живина, свињи и говеда за време на транспорт до други фарми или кланици.
Кога антимикробната отпорност се појавува во зоонотски бактерии – бактериите кои може да се пренесат од животни на луѓе – истото може да го доведе во прешање и ефикасниот третман на инфективни заболувања кај луѓето.
Марта Хугас, главен научник во Европската агенција за безбедност на храна, изјави: “Отпорноста на антибиотиците претставува ургентна закана по јавното здравје и советите засновани на докази се од клучно значење за развој на политики и законска основа за да се регулира овој предизвик. Овој нов мадат – кој се фокусира на евентуалните импликации по јавното здравство – уште еднаш ја илустрира растечката конвергенција помеѓу здравјето на животните и луѓето и потребата за пристапот на Едно здравје од страна на креаторите на политиките и лицата вклучени во пренка на ризикот.”
Покрај истражувањето на факторите кои можат да предизвикаат ширење на бактерии отпорни на антибиотици за време на транспорт, ЕФСА исто така ќе направи ревизија и на превентивните мерки и контролните опции и ќе ја идентификува потребата од податоци со цел поддршка на понатамошната анализа на проблемот. Научното мислење се очекува да биде финализирано до септември 2022 година.