Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Јавна консултација за нацрт упатствата за поднесување досиеа за ензими во храната

12.03.2021
Јавна консултација за нацрт упатствата за поднесување досиеа за ензими во храната

Европската агенција за безбедност на храна (ЕФСА) објави јавна консултација за нацрт упатствата за поднесување досиеа за ензими во храната. Во овој документ се опфатени научните податоци кои ќе бидат вклучени во апликациите за добивање одобрение за нови ензими во хранта, како и за продолжување на постоечките одобренија, а кои се доставуваат во соглсаност со Регулативата (ЕК) Бр. 1331/2008 и поврзаните имплементирачки акти.

Сите заинтересирани страни може да ги достават своите коментари најдоцна до 9 мај 2021 година користејќи го електронскиот образец кој е достапен на следниот линк https://ec.europa.eu/eusurvey/runner/Food_enzymes_guidance 

Овој електронски образец претставува само платформа преку која може да се доставуваат коментарите, додека сите дополнителни информации, во прилог на коментарите, може да се достават со нивно прикачување во електронскиот образец (максимална големина од 1Mb). 

Коментарите нема да бидат земени предвид доколку:

  • се доставени по крајниот рок за консултација;
  • се презентирани во било која друга форма од онаа која е наведена во упатството и образецот;
  • не се поврзани со содржината на документот;
  • содржат поплаки насочени кон институции, лични обвинувања, нерелевантни или навредливи изјави или материјал;
  • се поврзани со аспекти кои имаат  политичка содржина или аспекти поврзани со управување со ризик, бидејки истото не припаѓа на предметото на уредување на ЕФСА.

Сите подетални информации за нацрт упатствата за поднесување досиеа за ензими во храната може да се прочитаат на следниот линк https://www.efsa.europa.eu/en/call/public-consultation-draft-scientific-guidance-submission-dossiers-food-enzymes 

Со цел да се обезбеди поголема разбирливост на нацрт упатството, ЕФСА организира два вебинари:

  • Вебинар за токсиколошки студии за поднесување на досиеа за ензими во храната кој ќе се спроведе на 29 март 2021 од 09.30-12.30 часот (https://www.efsa.europa.eu/en/events/event/toxicological-studies-submission-dossier-food-enzymes ). Краен рок за регистрација за учество на настанот е 22 март 2021 година (23:59 часот) и
  • Вебинар за моделот за внес на ензими во храната (FEIM) кој ќе се спроведе на 31 март 2021 година од 09.30-12.30 часот (https://www.efsa.europa.eu/en/events/event/food-enzyme-intake-model-feim ). Краен рок за регистрација за учество на настанот е 24 март 2021 година (23:59 часот)


Работилницата за сите заегнати страни ќе се организира на 21 и 22 јуни 2021 година, а сите детални информации ќе бидат споделени со јавноста, во претстојниот период.

Ознаки
Категорија