Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Климатските промени, закана и за синџирот на исхрана

25.10.2019
Климатските промени, закана и за синџирот на исхрана

Делегација од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), предводена од директорот Зоран Атанасов, денес, во Софија, Република Бугарија, присуствува на 12 Научна конференција на тема "Климатските промени -глобална закана за синџирот на исхрана". Конференцијата ја организира Центарот за проценка на ризик во синџирот на исхрана при бугарското Министерство за земјоделство и шумарство и на неа учествуваа претставници од Европската агенција за безбедност на храна како и претставници од научната и академската заедница на Бугарија.


На конференцијата беше промовиран неодамна потпишаниот меморандум за соработка меѓу Агенцијата за храна и ветеринарство и бугарскиот Центар за проценка на ризик со кој се унапредува соработката  на полето на безбедноста на храната и ветеринарната политика во областа на проценка и комуникација со ризик меѓу двете земји со кој се отвора можноста и за вклучување на АХВ во меѓународни проекти и програми за кои работи бугарскиот Центар за проценка на ризик.

Ознаки
Категорија