Делегација од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), предводена од директорот Зоран Атанасов, денес, во Софија, Република Бугарија, присуствува на 12 Научна конференција на тема "Климатските промени -глобална закана за синџирот на исхрана". Конференцијата ја организира Центарот за проценка на ризик во синџирот на исхрана при бугарското Министерство за земјоделство и шумарство и на неа учествуваа претставници од Европската агенција за безбедност на храна како и претставници од научната и академската заедница на Бугарија.
На конференцијата беше промовиран неодамна потпишаниот меморандум за соработка меѓу Агенцијата за храна и ветеринарство и бугарскиот Центар за проценка на ризик со кој се унапредува соработката на полето на безбедноста на храната и ветеринарната политика во областа на проценка и комуникација со ризик меѓу двете земји со кој се отвора можноста и за вклучување на АХВ во меѓународни проекти и програми за кои работи бугарскиот Центар за проценка на ризик.