
Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 600 денари
Груба невистина анонимно пласирана преку социјалните мрежи е вчерашниот обид на граѓаните да им се протне лагата дека е доведено во опасност нивното
здравје поради наводниот нелегален увоз на 10 камиони со небезбедни домати по потекло од соседна Албанија. Според анонимниот загрижен автор на
пораката, наводно станува збор на домати кои како небезбедни поради утврдено зголемено присуство на тешки метали и пестициди ...
Одржан координативен состанок за предлог законот за донирање вишоци храна
Денес во Дојран, заедно со министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска, министерката за животна средина Каја Шукова и министерот за
земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Николче Бабовски, учествуваше на
координативен состанок на работната група за финализирање на предлог законот за донирање на вишоци храна.
Интервју на директорот на АХВ за Слободна ТВ
Многу фирми по социјални мрежи се декларираат дека нудат дресури на кучиња и имаат вработено лиценцирани дресери. По трагедијата во Пинтија со смртен исход кога куче нападна дете одговор за ова прашање побаравме од Агенцијата за храна. Дали Македонија има професија лиценциран дресер одговори Николче Бабовски, директор на Агенцијата за храна и ветеринарство.
Ќе може да се врши репопулација на свињарските фарми на цела територија на Македонија, но, мора да се почитуваат дефинираните услови
Во државата нема ниеден регион, ниедна општина каде што се спроведуваат заштитните и контролните мерки во однос на болеста африканска чума кај свињите, односно, со негативните резултати кои ги добивме од земените мостри од кланиците и извршените клинички прегледи, може да кажеме дека сега државава е слободна од болеста кај питомата популација свињи.