Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

 
ADC-FSS

Меѓународен систем на ФАО за следење на антимикробна отпорност (InFARM) и ИТ платформа

02.09.2022
Еден од клучните елементи за зајакнување на капацитетот на една земја за надзор и следење на антимикробната отпорност (АМО) и употребата на антибиотици во храната и земјоделството е преку обезбедување стандардизиран пристап за собирање, анализа, толкување и споделување податоци.

Oд пазарот повлекува небезбедна серија од органски БИО сок од јаболко од брендот ХИПП

26.08.2022
Врз основа на нотификацијата која преку Системот за брзо предупредување за храна и храна за исхрана на животни (РАССФ) на Европската унија, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ја доби вчера во доцните попладневни часови, утрово, врз основи на извршена вонредна инспекциска контрола, на компанијата увозник и издаде решение и забрани пуштање во промет на небезбеден производ - Органски био сок од јаболко, во пакување од 0,2 литри, со лот А98967,од брендот HIPP, со рок на траење 31.10.2023 година.

Одржан првиот состанок на Координативното тело за справување со африканската чума кај свињите

22.08.2022
Во својство на претседател, денес, во Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство (МЗШВ), директорот на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ), Николче Бабовски, ја одржа првата седница  со членовите на Координативно тело за подобрување на институционалната координација и преземање на мерки за справување со африканската чума кај свињите, кое беше формирано со одлука на Владата на Република Северна Македонија. 

Досега регистрирани вкупно шест случаи на африканска свинска чума

12.08.2022
Од 6 јануари годинава кога во делчевското село Драмче прв пат беше регистрирана појава на африканска свинска чума во земјава, до вчера се констатирани нови случаи и во Моштица, Мојанци, Пресека, Тркање и Виничка Кршла, соопшти денешната прес конференција директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), Николче Бабовски.

Две нови ленти за камиони на Табановце, од 1 Октомври пуштање на стока во промет само за еден час

29.07.2022
По алармот дека на граничниот премин „Табановце“ една од лентите за „Отворен Балкан“ не функционира, во употреба се пуштени други две кои товарните возила ќе можат непречено да ги користат, соопштија денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и директорката на Царинската управа Славица Кутиров, по одржаниот работен состанок на кој учествуваа и првите луѓе на Агенцијата за храна и ветеринарство и на Стопанската комора на Северна Македонија. 
 Соопштенија АРХИВА НА ОДНОСИ СО ЈАВНОСТ  Видео
IPA