Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари
Mинистерството за земјоделство шумарство и водостопанство потпиша Меморандум за соработка со Националната организација Слоуфуд Македонија. Целта на соработката е зачувување на агробиодиверзитетот, унапредување на производствата на храна од мал обем и зачувување на автентични и органски производи, сето тоа во функција на руралниот развој и развојот на гастрономијата и туризмот.
Инспекциските служби на АХВ извршија контрола на ,,Млекара Лесковац,,
Стручен тим од Агенција за храна и ветеринарство (АХВ), во Лесковац, Република Србија реализира официјална посета и извршија инспекциска контрола на работењето на компанијата ,,ДОО за преработка и конзервирање на млеко - Млекара Лесковац,,. Станува збор за планирана активност на инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство за контрола на објекти од трети земји од кои се увезува храна во Република Северна Македонија.
Правилник за разгледување
Агенцијата за храна и ветеринарство подготви текст за нов подзаконски акт - Правилник за барањата за условите и хигиена за производство и ставање во промет на храна од животинско потекло наменета за директно снабдување, локализирана активност, во географски или економски ограничувања, како и општите и посебните барања за примена на традиционални методи на производство, преработка и дистрибуција на храна со традиционални карактеристики.
Дефинирање на правилата за директно снабдување и за традиционално производство
Поддршка и развој на малите производители на храна од животинско потекло без да се доведува во прашање безбедноста на храната, водејќи сметка за зачувување на нејзините традиционални карактеристики, преку флексибилна примена на законските и подзаконските акти кои се однесуваат на безбедноста на храната.
АХВ почна со реализација на нов проект во рамки на ИПА 2015
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) почна со спроведување на новиот проект “Подобрена имплементација на законодавството во делот на здравјето на животните, безбедноста на храната и фитосанитарната област и соодветните информациски системи ”кој ќе се реализира со финансиска поддршка од Европската унија во рамки на ИПА 2015.