Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 600 денари

 
Чума кај мали преживари

 

Упатства и процедури

 

ADC-FSS

АХВ со високи оценки од сертификациското тело MQS – потврдена ефективноста на системот за управување со квалитет

03.03.2026

Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) успешно го заврши редовниот надзорен аудит спроведен од страна на сертификациско тело (MQS), при што беа констатирани позитивни наоди и високи оценки за воспоставениот, имплементиран и одржуван систем за управување со квалитет во институцијата. Аудитот беше реализиран согласно барањата на стандардот ISO 9001 2015 и опфати сеопфатна анализа на организациската посветеност на барањата на стандардот, управувачките процеси, оперативните процедури, како и степенот на нивна практична примена во секојдневното работење.

Општина Крива Паланка е одговорна да постапува по Законот за јавна чистота

27.02.2026

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) најостро реагира на изјавата на Градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски, дека локалната самоуправа нема никаква законска надлежност да постапува во  справувањето со проблемот со говедата кои лутаат низ градот Крива Паланка и нанесуваат штета и на земјоделските поседи и во околните села.

АХВ домаќин на експерти од Италија од проектот Контрола на африканска свинска чума – од теорија до пракса, поддржан од WOAH

24.02.2026

Во периодот 02.2 – 04.2.2026 година Агенцијата за храна и ветеринарство продолжи со спроведување на проектот „Контрола на африканска свинска чума – од теорија до пракса“ со активноста менаџмент на диви свињи со перспектива на „Едно здравје“. Од страна на носителот на проектот Експериментален зоопрофилактички институт на Умбрија и Марке „Того Росати“ и проектните партнери, потпомогнати од страна на Светската организац

Уништени над 1 тон небезбедна храна од продавниците за здрава храна

21.02.2026

Илјада и десет килограми небезбедна “здрава храна” уништија инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) кај 14 оператори во рамки на 373 контроли спровдени неделава кај оператори именувани како објекти за производство и промет со здрава храна. Со контролите утврдено е дека 14 оператори вооппшто не биле регистрирани како оператори со храна во Агенцијата.

Сопствениците на кучиња да го почитуваат законот и да ги микрочипираат милениците

20.02.2026

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) апелира до сопствениците на домашни миленици – кучиња за исполнување на законската обврска за идентификација на миленикот со микрочип и негова регистрација во модулот за домашни миленици на Информативниот систем на Агенцијата за храна и ветеринарство, за што се издава и пасош за домашен миленик. Апликацијата на микрочипот е еднократна, односно, миленикот чипот го носи до крајот на животот.

 Соопштенија АРХИВА НА ОДНОСИ СО ЈАВНОСТ  Видео
IPA