Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 600 денари
Одржан состанок во просториите на АХВ, на експертската група заради утврдување и справување со епидемиолошката состојба со болеста сипаници кај овци и кози и чума кај мали преживари
Во просториите на Агенцијата за храна и ветеринарство беше одржан состанок на експертската група заради утврдување и справување со епидемиолошката состојба со болеста сипаници кај овци и кози и чума кај мали преживари на територијата на Република Северна Македонија и спроведување на мерки за сузбивање и искоренување на болестите.
Според ЕФСА и недоволно зготвениот грав може да претставува здравствен ризик
Изложеноста на потрошувачите на лектини во недоволно зготвен грав може да претставува здравствен ризик, заклучи Европската агенција за безбедност на храната – ЕФСА по направената проценка за ризикот по јавното здравје поврзан со присуството на лектини во храната. Проценката е направена на барање на Европската комисија, во контекст на болестите кои се пренесуваат преку храна, а се поврзани со консумирање сирови или недоволно зготвени мешункасти плодови од страна на потрошувачите, најголем дел од оние кои користат диети базирани на сирови или минимално зготвени растенија.
АХВ нема да постапува по анонимно поднесени претставки
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ги информира физичките и правните лица дека согласно член 62 став 3 од новиот Закон за инспекциски надзор, кој е во сила од 01.01.2026 година, инспекциските служби на АХВ нема да постапуваат по анонимно поднесени иницијативи за спроведување на инспекциски надзор за прашања од делокруг на работењето на институцијата. Постапувањето по иницијативите кои се уредно поднесени ќе се реализира согласно Процедурата за постапување по иницијативи за инспекциски надзор на АХВ.
Демант на Прилог на КАНАЛ 5 ТВ - Појавата на болеста овчи сипаници во Лопате засега успешно е сузбиена и се држи под контрола
Агенцијата за храна и ветеринарство ги информира граѓаните на Македонија дека Агенцијата за храна и ветеринарство како сериозна државна институција која е надлежна за здравствената заштита и благосостојба на животните, по добивањето на позитивен резултат за присуство на болеста сипаници кај овци и кози на ден 27.01.2026 година веднаш го пријави случајот од листата А болести на Европската Унија до Информациониот систем на болести кај животните (ADIS) и WA



