Одржана Експертска мисија за посебните барања за безбедност на природната минерална вода, изворската вода и друга пакувана вода
Во организација на Агенцијата за храна и ветеринарство и TAIEX инструментот на Европската комисија од 23-24 септември 2019 година во Скопје се одржа Експертска мисија за посебните барања за безбедност на природната минерална вода, изворската вода и друга пакувана вода со која претседаваше прим. д-р Ленче Јовановска, а како експерти од ЕУ учествуваа Г-ѓа Ilona Drulyte од Литванија и Г-дин Evangelius Mourelatos од Грција.



