Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Национален совет за безбедност на храна и храна за животни

Национален совет за безбедност на храната и храната за животни дава научни совети и научна и техничка поддршка во однос на политиките на областите кои имаат директно или индиректно влијание врз безбедноста на храна и храна за животни, здравје и благосостојба на животни.

Национален совет дава независни мислења и препораки и пренесува информации за постоење на ризик со цел да се зголеми довербата на потрошувачите и да се унапреди усогласеноста меѓу функциите на процена на ризик и пренесување на информации за постоење на ризик.

Во постапките на процена на ризик Агенцијата може да користи стручна помош од Национална платформа на експерти од областите на безбедноста на храната, храната за животни и ветеринарно и фитосанитарна политика.

 

Документи

  • Одлука за формирање на Националниот совет за безбедност на храна и храна за животни (Сл.в.бр.190/01,11,2015) [врска]
    • Одлука за измена на одлуката за формирање (27.3.2018) [врска]
  • Структура на Националениот совет за безбедност на храна и храната за животни [врска]
  • Стручни и научни предлози и препораки подготвени од Националниот совет за безбедност [врска]
  • Начин на работа на Националниот совет за безбедност на храна и храна за животни [врска]

 

Состаноци

 

                                                                    НАЦИОНАЛНАТА ПЛАТФОРМА НА ЕКСПЕРТИ


Националниот совет  за безбедност на храна и храна за животни, организира научни панели кои, вршат проценка на ризик и изготвуваат извештаи за конкретни прашања  од делокругот на работа на Националниот совет.

Научните панели се составени од независни научни експерти (Национална платформа на експерти), од факултети, научно истражувачки институции и други научни и научно образовни институции, со темелно познавање на проценката на ризик.

На 24.02.2020 година, заради формирање на Национална платформа на експерти, Агенцијата за храна и ветеринарство објави Јавен повик за избор на експерти.

Експертите во научните панели беа избрани по пат на отворен повик за апликација и искажување на интерес, во согласност со Правилникот за формата и содржината на барањето за вклучување на експерти во листата на Националната платформа, поблиските критериуми за избор и висината на надоместокот за работа на учесниците во Националната платформа.

Научните панели се организирани во десет стручни области од делокругот на работа на Националниот совет и тоа:

1.Панел за здравствена заштита и благосостојба на животните 
2.Панел за биолошки опасности
3.Панел за контаминенти во синџирот на храната
4.Панел за диететски производи, исхрана и алергии
5.Панел за адитиви и ароми
6.Панел за средства за заштита на растенијата и нивни резидуи
7.Панел за здравје на растенијата
8.Панел за адитиви и производи или состојки употребени во храната за животни
9.Панел  за  материјали  во  контакт  со  храната,  додатоци во производство и ензими
10.Панел за генетски модифицирани организми

Агенцијата  води  и  редовно  ја  ажурира  листата  на  учесници  во  Националната платформа/ научните панели и ја објавува на веб страницата на Агенцијата.
На 20.10.2020 во просториите на Факултетот за земјоделски науки и храна се одржа првиот состанок на Научните панели. На состанокот беа претставени експертите, членови на Научните панели, а се дискутираше за можните проекти како и соработката со ЕФСА и можноста за  учество во проекти организирани од ЕФСА.

 

Јавен повик за експерти за учество во Научните панели

 

Состав на експерти во Научните панели

Кратки биографии на експертите во Научните панели