Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Регистрирање на правни лица кои вршат увоз на храна од животинско потекло

ПРЕВЗЕМАЊЕ СОДРЖИНИ

Содржината од документите на нашиот Google-Drive-Share можете да ја отворите и едитирате доколку имате инсталирано соодветен Google-Drive-Docs-Plugin, или да ја превземете доколку кликнете на иконата за превземање, или доколку одите во менито File > Download и одберете во кој формат да го превземете документот.

Повеќе информации на Google Drive Download Help

Правните лица - оператори со храна од животинско потекло кои сакаат да започнат со активност на увоз на храна од животинско потекло потребно е до Агенцијата за храна и ветеринарство да достават барање (Образец бр.9) со придружна документација објавена на веб страницата на Агенцијата на следната [врска]

 

По извршената проверка на документацијата, операторите со храна се евидентираат во регистарот на увозници на храна од животинско потекло и се издава извод од регистарот, со доделен регистарски број за идентификација.

При спроведување на официјалните контроли на оператори со храна – увозници на храна од животинско потекло, официјалните ветеринари од АХВ вршат увид и ги споредуваат податоците од регистрацијата со фактичката состојба во објектите.

Агенцијата води регистар на регистрирани увозници на храна од животинско потекло и истиот e достапен на јавноста на веб страницата на Агенцијата на следната [врска]

 

Операторите кои увезуваат храна од животинско потекло треба да земаат и доставуваат на лабораториска анализа мостри од пратките кои ги увезуваат заради утврдување на исполнување на барањата за безбедност од аспект на микробиолошките критериуми и присуство на контаминенти и непожелни супстанции врз основа на сопствена анализа на ризик, специфичен за одреден вид/категорија на објект, потеклото на суровината и производниот процес.

Операторите кои увезуваат храна од животинско потекло земањето на мостри за лабораториско испитување на увезените пратки го вршат врз основа на изготвен план којги опфаќа сите релевантни ризици по безбедност (микробиолошки, хемискии контаминенти) во зависност од видоти типот на храна од животинско потекло,храна за исхрана на животнитеи нуспроизводи од животинско потеклои нивните деривати, одобрен од страна на официјалниот ветеринар надлежен за контрола на објектот.

Се зема задолжително мостра за испитување доколку се увезуваат за прв пат:

  • нов производ  од животинско потекло,храна за животни и нуспроизвод од животинско потекло, независно од која земја е производителот;
  • производ од нов производител-извозник;
  • од нова земја  од која досега не увезувале.

Средствата за надоместување на трошоците за лабораториските  испитувања се на терет на операторите.

Законодавство: 

  • Закон за ветеринарно здравство („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 113/2007, 24/2011, 136/2011, 123/2012, 154/2015 и 53/2016) [врска]
  • Правилник за начинот и постапката за регистрација на физички и правни лица кои вршат увоз и/или повторен извоз и формата и содржината на евиденцијата на увоз и/или повторен извоз („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 8/2015) [врска]
  • Правилникот за формата и содржината на регистарот на објекти и оператори со храна од неживотинско потекло, формата и содржината на регистарот на објекти и оператори со храна од животинско потекло, формата и содржината на барањето за регистрација и начинот на регистрација на операторите со храна и објектите („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 49/2011, 152/2011, 15/2012 и 112/2012) [врска]