Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Суперанализата потврди присуство на ГМО во соините шницли и трошки

10.08.2018
Суперанализата потврди присуство на ГМО во соините шницли и трошки

Агенцијата за храна и ветеринарство ги доби резултатите од суперанализите на соините трошки и соините шницли, кои, на барање на операторот со храна се вршеа во референтна лабораторија во Европската унија. Истите, како што беше констатирано и со првичната лабораториска анализа, потврдија присуство на ГМО.

Увезената соја е по потекло од компанијата “Сојапротеин” од Бечеј Република Србија, а мострите беа земени во рамки на Мониторинг програмата за безбедност на храната која ја реализира Агенцијата за храна и ветеринарство.

Во Република Северна Македонија, производите соини шницли увезени се од операторот со храна “Виталиа”, а дистрибуирани во прометот преку операторот со храна КАМ ДОО Скопје. Увозот на соините трошки, извршен е од страна на операторот со храна “Сопродекс”, а во прометот, исто така биле дистрибуирани преку операторот со храна “КАМ” ДОО Скопје.

Соините шницли и соините трошки во количина од 510 килограми, дел затекнати во магацин, дел повлечени од продажба, се наоѓаат под официјален надзор и деновиве ќе бидат нештетно уништени, исто како и позитивната мостра ориз во количина од 550 килограми, по потекло од Кочанско, произведена од увозен семенски материјал.

Агенцијата за храна и ветеринарство веќе подготвува план за контрола за присуство на ГМО кај годинашнава, нова реколта ориз која се произведува во Република Северна Македонија.

Согласно Законот за безбедност на храна, забранет е увоз, производство и промет во Република Северна Македонија на храна и производи од храна која содржи ГМО, или е составена од ГМО. За увозниците и за операторот со храна кој извршил промет на ваквите производи во Република Северна Македонија, согласно овој закон ќе им бидат изречени парични казни во висина до 5 илјади евра во денарска противвредност, а казна ќе добијат и одговорните лица во овие компании.

Категорија