Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Со засилените контроли пред Велигден уништени над 31 илјади небезбедни јајца

11.04.2018
Со засилените контроли пред Велигден уништени над 31 илјади небезбедни јајца
Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство, пред Велигденските празници спроведоа вкупно 181 вонредни, засилени контроли, во производството, преработката, дистрибуцијата и продажбата на јајца на македонскиот пазар. Како небезбедни поништени се над 31 илјада јајца.
Од вкупниот број контроли, најголемиот дел, односно 110, спроведени се во малопродажните објекти, а извршени се и 35 контроли на зелените пазари и 36 контроли на сортирници за јајца.
Со контролите констатирано е дека дел од операторите со храна извршиле несоодветно класифицирање и означување на јајцата, непоседувале комерцијален документ кој ја следи пратката, во промет пуштиле бојадисани јајца во неодобрен објект за таа намена, а констатирани се и други недоследности од помал обем. Од страна на инспекциските служби издадени се 10 решенија за отстранување на констатираните недоследности, спроведени се 4 едукации и изречени се 4 парични казни.
Категорија