Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Производството, преработката и тргoвијата со свинско месо редовно се контролира

31.12.2018
Производството, преработката и тргoвијата со свинско месо редовно се контролира

Агенцијата за храна и ветеринарство најостро ја демантира изјавата на Ефтим Шаклев, претседател на Асоцијацијата на земјоделци, пренесена од неколку медиуми во која тој неосновано бара да се води контрола на продажбата на свежо свинско месо во земјава, упатувајќи барање свежото свинско месо во прометот да не е претходно замрзнато. Со паушалните наводи и дадената лична изјава на Шаклев, која не го одразува ставот на невладината организација со која раководи, ниту на членовите на Здружението на одгледувачи на свињи Гицко, Шаклев, грубо и манипулативно, исклучиво за лична сметка, се обидува да ги доведува граѓаните во заблуда, креирајќи во јавноста мислење дека храната, вклучително и свежото свинско месо во земјава не се контролира.

Доблесно, во интерес на вистината и објективното информирање на јавноста, е место лични паушални изјави, непроверени и неточни тврдења, Шаклев да изнесе исклучиво став на организацијата, имајќи ги предвид ставовите на мнозинството нејзини членови. Со дадените лични и паушални изјави, Шаклев се обиде да ја девалвира работата на Агенцијата за храна и ветеринарство како најповикана институција за контрола на безбедноста на храната.

Презентирајќи исклучиво свои, лични ставови, Шаклев не само што креира во јавноста погрешна перцепција за севкупната состојба во која се наоѓа свињарството во земјава, туку, несвесно ги руши позициите на организацијата која тој ја претставува и нејзините напори за унапредување на оваа стопанска гранка.

Како одговорна институција за безбедноста на храната и храната за животни и здравствената заштита на животните најодговорно тврдиме дека производство, преработката и трговијата со месо, вклучително и свинско е законски регулирано. Од страна на инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство се вршат редовни контроли, како на домашното производство и прометот со свежо свинско месо, така и на месото кое се увезува во земјава.

Од почетокот на годинава средината на декември извршени се вкупно 55.820 контроли кај операторите со храна од животинско и од неживотинско потекло и при увоз. Како небезбедни, поништени или вратени се вкупно 237.774 килограми небезбедна храна. Од страна на инспекциските служби донесени се 1.776 решенија за отстранување на недостатоците, одржани се исто толку едукации за операторите, а поднесени се и 41 прекршочна и 1 кривична пријава.

 

Категорија