Оваа проценка потврдува дека потрошувачката на храна збогатена со фитостероли/станоли при диететски внес од 1,5- 2,4 g/ден доведува до просечно намалување на плазматските концентрации на LDL-C за околу 10% кај потрошувачите.. Сепак, тоа покренува одреден број на несигурности во однос на придобивките и ризиците поврзани со потрошувачката на храна збогатена со фитостероли/станоли: Конзумирањето на храна збогатена со фитостероли не доведува до намалување на LDL-C кај околу 30% од конзументите. Истовремено, внесувањето на овие намирници резултира со зголемување на плазматските концентрации на фитостероли.
Фитостеролемијата, порано позната и како ситостеролемија, е ретка, автосомно-рецесивно пренесено вродено нарушување на метаболизмот предизвикано од мутации на гените кои ги кодираат ко-транспортерот на аденозин трифосфат (ATP)-врзувачката касета (ABC) протеини G5/8. Оваа болест е пример за можните последици од зголемената плазма концентрација на фитостероли (PSs), исто така познати како растителни стероли и станоли, поради зголемениот диететски внес преку храна со додадени PS - фортифицирана храна. Типично, дневниот внес на PS изнесува околу 300 mg со вообичаена исхрана и може да биде висок до 600 mg/d кај вегетаријанците. Препорачаниот внес на PS за намалување на LDL-C е околу 2 g/d. Двете најчести PS се ситостерол и кампестерол. Набљудувањата на поединечни случаи со тешка атеросклероза, особено кај децата и адолесцентите погодени од фитостеролемија, дадоа разумни основи за сомнеж дека PS може да ја влошат/забрзаат атеросклерозата дури и посериозно и во поголем степен отколку LDL-холестеролот (LDL-C), причински фактор на ризик за атеросклероза и кардиоваскуларни заболувања (CVD). Додека PS ги намалуваат концентрациите на LDL-C, останува загриженоста дека нивната атерогените ефекти може да ги надминат нивните придобивки. Всушност, хомозиготни дефекти во гените кои го кодираат тандем транспортерот ABCG5/G8, што предизвикува фитостеролемија, ја модулираат апсорпцијата на околу четириесет стероли, вклучувајќи холестерол и не-холестерол стероли (исто така познати како ксеностероли) со различни ефекти врз метаболизмот на стеролите и липидите и другите функции на ткивата и органите. за кои последиците врз кардиоваскуларните ризици се непознати. Во отсуство на податоци од интервентни студии, не е можно да се заземе став за ефектот на фитостероли и фитостаноли врз кардиоваскуларниот морбидитет и морталитет. Во однос на индивидуалното здравје, потрошувачката на храна збогатена со фитостероли/станоли треба да подлежи на проценка на ризик/придобивка од случај до случај од страна на здравствен работник.
Овој документ во целост е научно изработен, стручно преведен, адаптиран, научно систематизиран, ажуриран со најнови научни податоци од релевантна стручна литература, трудови/стручни публикации и монографии, како и научни мислења од страна на Д-р Виктор АРСОВ, дипломиран доктор по медицина, специјалист интернист, експерт за здравствена проценка на ризик поврзана со опасности во храната, нутриција, диететски производи и алергии, помлад соработник за логистика за информации за здравствена проценка на ризик поврзани со опасности во храната, со речиси 18 годишно работно и професионално искуство во Секторот за проценка и комуникација на ризик (СПКР).