Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Презентирани првичните оценки од контролите на Федералната служба за ветеринарен и фитосанитарен надзор на Руската Федерација

16.07.2015
Агенција за храна и ветеринарство

– Еден од приоритетите на државата е максимално искористување на капацитетите и воспоставување на фарми со доволен број добиток со цел да се обезбедат потребите на месната и млечната индустрија кои ќе ги исполнат условите за извоз на рускиот пазар. Обезбедувањето домашна суровина за месната индустрија, ќе се развива етапно, со цел да се задоволат потребите на домашниот пазар и да се произведат доволни количини и за извоз – потенцира тој.
По сумирањето на резултатите од надзорот, „Россељхознадзор” како што појасни директорот Поповски, ќе достави извештај до надлежните органи и до македонските компании во кој ќе бидат вградени евентуалните забелешки и евидентираните недостатоци со контролите, за чие надминување ќе биде задолжена и Агенцијата за храна и ветеринарство.
Според директорот Поповски, интерес за извоз на пазарот на Руската федерација пројавија 12 компании од месната и млечната индустрија од Република Северна Македонија, но, со контролите дополнително се опфатени уште 3 оператори, односно се контролираат 15 капацитети. Со нив во изминатиов месец и половина, Агенцијата за храна и ветеринарство интензивно соработуваше во насока на давање помош и поддршка за полесно прилагодување кон условите за извоз на пазарот на Руската федерација.
Неодамна потпишаниот Протокол за соработка според Алексеј Алексенко, дел од тимот на Руската служба за ветеринарна и фитосанитарна контрола „Россељхознадзор” кој престојува во Македонија е основа со кој се дефинираа сет на мерки за интензивирање на билатералната соработка на полето на безбедноста на производите од растително и од животинско потекло кои се произведени во Република Северна Македонија. Протоколот за соработка претставува основа за зголемување на асортиманот и видот на производите од животинско и растително потекло кои ќе се извезуваат на овој пазар и за воспоставување на долгорочна соработка со Руската федерација во оваа област.
-Извозот на македонските месни производи во Русија може да биде доведен во прашање ако суровината потекнува од земји – членки на ЕУ кои се под санкции или од трети земји чии претпријатија немаат дозвола за извоз на рускиот пазар.
Според него, тоа сепак не ја ограничува земјава она што го увезува да го користи дома, а она што го произведува да го испорачува во Руската Федерација.
– Во однос на суровините, прашањето ќе се решава прилично едноставно, преку обезбедување стабилен, постојан пласман. Тоа е клучно. Кога ќе имате каде да го продавате производството, тогаш ќе имате и голем економски интерес за развивање на суровинската база. Сигурниот пазар е можност за развој на производството, економијата, социјалната сфера, земјоделството и сите капацитети со кои располагате воопшто, напомена Алексенко.
Во однос на извозот на рускиот пазар, укажа рускиот експерт, постои уште еден голем фактор на ризик но, тој се однесува на растителното производство и т.н. меѓународни престапници.
– Овие луѓе испорачуваат производи од ЕУ под фалсификат за извоз од Македонија. Тоа е сериозен ризик. Затоа годинава забранивме увоз на сите видови производи од Албанија, истакна Алексенко и најави дека за спречување ваков тип активности наскоро ќе се воведат нови фитосанитарни сертификати со висок степен на заштита и ќе се воспостават електронски врски меѓу „Россељхознадзор” и Агенцијата за храна и ветеринарство.
Осврнувајќи се на надзорот што неговиот тим го врши деновиве над вкупно 15 македонски компании од млечната и месната индустрија, вклучувајќи и кланица, Алексенко рече дека конечните резултати ќе бидат познати кон средината на август. Тогаш ќе се знае колку од нив ги исполнуваат бараните критериуми и стандарди за извоз на рускиот пазар.
– Се уште е рано да се каже дали некоја од компаниите ги исполнува стандардите зашто инспекциите се во тек. Но, од веќе реализираните посети забележав дека постојат компании кои во поголем степен се подготвени да ги задоволат потребите на нашето законодавство за да можат да извезуваат. Досега немаше фирма која имаше право на извоз во Русија, подвлече Алексенко.
Основно е, потенцира, што македонските фирми имаат интерес за извоз во Русија, Агенцијата ја гарантира безбедноста на извозот, а се оди преку Руско-македонската комора.
-Во Македонија одлично фунцкионира соработката меѓу владините институции и реалниот сектор од млечната и месната индустрија што е особено значајно за зголемување на производство и реализирање на испораката – потенцира Алексенко.
Целта на контролите кои сега се спроведуваат, како што заклучи директорот Поповски на прес конференцијата во основа е обезбедување на стабилна и постојана испорака на македонски производи во Русија, преку зголемување на домашното производство, а тоа ќе значи развој не само на примарното производство туку и на целокупната економија во Република Северна Македонија.

Категорија