Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Oдземена лиценцата за извоз на месо на бразилската компанија Seara Alimentos LTDA

06.01.2017
Агенција за храна и ветеринарство

Агенцијата за храна и ветеринарство ги известува операторите со храна дека преку Министреството за надворешни работи на Република Северна Македонија, добиено е известување од дипломатско конзуларното претставништво на Федерална Република Бразил во Софија, Република Бугарија, дека на компанијата Seara Alimentos LTDA, која извезува месо и во Република Северна Македонија и е одземена лицернцата за извоз.
Истата е избришана од регистарот на овластени извозници на месо од оваа земја.
Од страна на инспкциските служби на Агенцијата засилени се контролите на граничните премини, со цел спречување на евентуален влез во земјава на пратки со месо од Бразил, кои потекнуваат од објекти кои се забранети за извоз.
Како одговорна институција за безбедноста на храната ја информираме јавноста дека по минатогодишните случувања и истрагите во месната индустрија во Бразил,Агенцијата за храна и ветеринарство е во постојана комуникација со амбасадата на Република Северна Македонија во оваа јужноамериканска земја, со која се разменуваат информации за случувањата во месената индустрија, за што се информираат и стопанските комори во земјава.
Увозот не месо во Република Северна Македонија се врши исклучиво од одобрени земји за увоз и од одобрени објекти. Секоја пратка задолжително е пропратена со ветеринарно здравствен сертификат со кој се гарантира безбедноста.

Категорија