Директорот на Агенција за храна и ветеринарство Зоран Атанасов, одржа работен состанок со претставници на Светска Банка и ИФЦ- најголема глобална развојна институција, компанија членка на Светска Банка фокусирана на приватниот сектор и земјите во развој. На состанокот се направи пресек на претходните интервенции на поддршка од Светска Банка, со фокус на процесите на проценка на ризик на граничните премини, одржливоста на поддршката на институцијата и дефинирање на идните чекори на соработка.
На состанокот беше заклучено да се прошири поддршката на хоризонталниот пристап на проценка на ризик во областа на безбедноста на храната и ветеринарното здравство, со можност да се даде поддршка на воспоставувањето на заеднички контроли на граничните премини со соседна Република Србија и Република Косово.
Категорија