Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Одделение за додатоци на исхрана, храна за посебна нутритивна употреба, збогатена храна и адитиви

Одделението за храна за посебна нутритивна употреба, збогатена храна, додатоци на исхрана и адитиви е организирано со цел да врши контрола над додатоците на исхрана, храната за посебна нутритивна употреба и храната на која и се додадени витамини, минерали и одредени други супстанции преку издавање на мислења за усогласеност со националната легислатива на овие производи, кои за прв пат се пласираат во промет на пазарот во РС Македонија.

 

Обврски на операторот со храна од неживотинско потекло

Операторот со храна од неживотинско потекло поднесува барање за издавање на мислење за производство и увоз на додатоци на исхрана, храна за посебна нутритивна употреба и збогатена храна на која и се додадени витамини и минерали.
Во прилог на барањето подносителот треба да достави:

  • Примерок од оригиналната амбалажа или идејно решение од амбалажата на производот ако производот е во фаза на развој;
  • Означување на македонски јазик со сите информации за производот согласно оригиналното означување;
  • Спецификација за квалитативниот и квантитативниот состав на производот издадена од производителот;
  • Решение за регистрација во Регистарот на објекти и оператори со храна или одобрение за објекти и оператори со храна издадено од Агенцијата за храна и ветеринарствo во случај кога производот се произведува во Република Северна Македонија;
  • Доказ дека се покриени трошоците за постапката на издавање на мислење.

 

Доколку е потребно, во зависност од состојките на производот, од нивните дејства врз здравјето на луѓето, меѓусебните дејства на состојките или дел од нив и други можни влијанија или можни ефекти од производот, подносителот на барањето го доставува и следното:

  • мислење во однос на составот на производот и неговите фармакодинамски, фармакокинетски и токсиколошки карактеристики, издадено од Институт за предклиничка и клиничка фармакологија со токсикологија, Клиника за педијатрија, Институт за медицинска физиологија и антропологија, при Медицинскиот факултет Скопје или од Фармацевтскиот факултет Скопје од Универзитетот Кирил и Методиј;
  • резултати од лабораториски анализи за составот или безбедноста на производот;
  • доказ од надлежното тело во земјата производител и/или земја членка на ЕУ дека производот се наоѓа на пазарот во таа земјa;
  • научни студии со кои се потврдува безбедноста од употребата на супстанциите со нутритивен и/или физиолошки ефект во состав на производот, а кои не се наведени во листите на дозволени супстанции кои можат да се употребуваат во производство на додатоци на исхрана, објавени на веб страната на Агенцијата за храна и ветеринарство;
  • доказ за поднесено барање за одобрување на нутритивните и здравствени тврдења ставени на означувањето и материјалите за презентација на производот и/или
  • одобрение за ставање во промет на храна и состојки на храна од видот на храна произведена со иновирани технологии.

 

Легислатива

Ова одделение го следи европското законодавство и учествува во подготовката на националната легислатива која се однесува на

  • Додатоците на исхрана;
  • Храната за посебна нутритивна употреба :
    • Почетна формула за доенчиња и последователна формула за доенчиња;
    • Преработена храна на житна основа и детска храна за доенчиња и мали децач
    • Храна наменета за употреба во диетите со ограничување на енергијата заради намалување на тежината;
    • Диететски производи за посебни медицински намени;
    • Производи наменети за употреба при интензивен мускулен напор, посебно за спортисти;
    • Производи за лица кои имаат нарушувања на метаболизмот на јаглехидрати;
  • Храната на која и се додадени витамини, минерали и одредени други супстанции – збогатена храна;
  • Адитивите кои се користат во производството на храна;
  • Листи на дозволени супстанции кои можат да се употребуваат во производство на додатоци на исхрана, храна за посебна нутритивна употреба и збогатена храна [врска];
  • Листи на забранети супстанции кои не можат да се употребуваат во производство на додатоци на исхрана, храна за посебна нутритивна употреба и збогатена храна [врска];

 

Законот за безбедност на храната, правилниците, решенијата и одлуките, можете да ги превземете од следнава [врска].


Во одделението се водат три електронски регистри:

  • Регистар на производи што ги исполнуваат посебните барања за безбедност како додатоци на исхрана;
  • Регистар на производи што ги исполнуваат посебните барања за безбедност како храна за посебна нутритивна употреба;
  • Регистар на производи што ги исполнуваат посебните барања за безбедност како збогатена храна, храна на која и се додадени витамини,минерали и други супстанции;

Електронските регистри на одобрени производи како храна за посебна нутритивна употреба, збогатена храна и додатоци на исхрана редовно се ажурираат со производите за кои се издадeни позитивни мислења за усогласеност со посебните прописи за соодветниот вид храна.

Ажурираните регистри континуирано ќе се објавуваат на веб страната на Агенцијата за храна и ветеринарство на следнава [врска].

 

АРОМИ

Линк до Датабазата  на  ароми дозволени во  храна  согласно Прилог 1 од европската регулатива 1334/2008

https://food.ec.europa.eu/safety/food-improvement-agents/flavourings/eu-lists-flavourings_en#the-food-flavourings-database

 

АДИТИВИ

Линк до Датабазата на адитиви дозволени во храна и услови за употреба согласно Прилог 2 од европската регулативе 1333 

https://food.ec.europa.eu/safety/food-improvement-agents/additives/database_en