Европската агенција за безбедност на храна (EFSA) во периодот од 18 до 21 септември 2018 година во Парма, Италија ќе ја организира својата годишна конференција “Наука, Храна, Општество”.
Конференцијата се организира под мотото “Дефинирање на контекстот на проценката на ризик” и истата е наменета за лица кои се вклучени во истражувачка дејност, во проценка на ризик, управување со ризик и претставници од сите засегнати организации и институции од целиот свет да се соберат на едно место и да дискутираат по однос на прашања поврзани со сложената интеракција помеѓу науката, храната и општеството.
Конференцијата претставува единствена можност за:
• Средби, размена на информации и искуства како и дебатирање со светските лидери од научната фела;
• Добивање информации во однос на иднината на проценката на ризик во областа на безбедност на хранта и поврзаноста помеѓу науката, хранатаа и општеството;
• Воспоставување и ширење на мрежа со цел градење кариера на истражувач.
Повикот за презентирање постери е отворен и сите заинтересирани може да аплицираат најдоцна до 2 април 2018 година.
Презентацијата на постери претставува централен дел од конференцијата и истата се организира соп цел да се обезбеди визибилност на работата на научните институции.
Електронска верзија од постерите ќе биде дистрибуирана преку конференциската мобилна апликација, а учесниците ќе гласаат за најдобар постер користејќи ја мобилната апликација.
Изборот на постери кои ќе бидат презентирани за време на конференцијата ќе го врши комитет, при што се поттикнува учество на млади истражувачи (најмногу осум години во истражувачката дејност).
Учеството на конференцијата бесплатно, а бројот на учесници на конференцијата е ограничен. EFSA го задржува правото да даде приоритет со цел обезбедување географска рамнотежа и фер репрезентативност на сите засегнати страни.
Сите заинтересирани може да се регистрираат on-line најдоцна до 30 јуни 2018 година, а повеќе информации за конференцијата може да се прочитаат на следниот линк https://conference.efsa.europa.eu/