Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Оценување на административни службеници

Одделението за управување со човечки ресурси спроведува постапка за оценување на државните службеници. Со ова постапка се врши вреднување на резултатите на општите и посебните компентенции на државните службеници потребни за остварување на стратешките цели на органот.
Одговорности и овластување за следење на реализацијата и извршување на активностите на постапката за оценување ги има раководителот на одделението за управување со човечки ресурси како и сите вработени во одделението. Постапката за оценување се состои од:

  • полугодишно интервју кое се спроведува најдоцна до 31 мај на административниот службеник од страна на непосредно претпоставен раководителот односно, директорот во случаите кога државниот службеник нема непосредно претпоставен раководител;
  • Претпоставениот раководител го оценува вработениот во период од 10 ти до 20 ти октомври со оценки од 1 до 5. Годишната оценка на административниот службеник се добива врз основа на оценката на оценувачот која учествува со 65% и од просечната оценка на другите оценувачи (внатрешни и надворешни) која учествува со 35%.

Одделението за управување со човечки ресурси, на денот на спроведување на оценувањето на Комисијата за спроведување на оценувањето со записник и предава прозрачна кутија, листа за оценување од внатрешни оценувачи и образци за оценување за сите вработени што се оценуваат.
При спроведувањето на оценувањето, Комисијата на внатрешните оценувачи им ги распределува обрасците за оценување, по што, оценувачите анонимно го пополнуваат образецот и истиот го ставаат во кутијата за оценување.
По завршувањето на оценувањето, Комисијата составува записник. Во записникот се наведуваат и отсутните оценувачи.

  • Пресметката на оценките се врши од страна на ОУЧР најдоцна до 15-ти декември
  • ОУЧР до 31-ви јануари, до МИОА доставуваа извештај со ранг листа на годишни оцени за сите оценети државни службеници.