ЈАВЕН ПОВИК БР. 1 /2017
за вршење на активности од јавен интерес од областа на здравствена заштита на животните
Врз основа на член 40 став (8) од Законот за ветеринарно здравство („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 113/07, 24/11, 136/11, 123/12, 154/15 и 53/16) Агенцијата за храна и ветеринарство објавува јавен повик за покажување на интерес за вршење на активности од јавен интерес од областа на здравствена заштита на животните.
1. Предмет на јавниот повик
Предмет на овој јавен повик e давање на јавно овластување за вршење на активности од јавен интерес од областа на здравствена заштита на животните согласно Законот за здравствена заштита на животните, Законот за идентификација и регистрација на животните, Годишната наредба за здравствена заштита на животните, како и други мерки за превенција и сузбивање на заразни болести кои ќе бидат наредени од Агенцијата на ветеринарни амбуланти, клиники односно станици, болници и ветеринарни служби на одгледувалишта одобрени по јавниот повик спроведен во јули 2016 година, а согласно член 40 став (8) од Законот за ветеринарното здравство.
Повикот се однесува за сите епизоотиолошки единици односно општини во Република Северна Македонија.
2. Услови за пријавување на јавниот повик
2.1 Право на учество
2.1.1 Право на учество имаат сите правни лица со регистрирана дејност – ветеринарно - здравствена дејност, како ветеринарна амбуланта, клиника односно станица или болница и ветеринарна служба на одгледувалиште кои во моментот ги исполнуваат условите за вршење ветеринарно -здравствена дејност, а се одобрени по јавниот повик објавен во јули 2016 година. На повикот може да се јават правните лица, регистрирани за вршење ветеринарно - здравствена дејност заклучно со денот на објавувањето на повикот.
2.1.2 Краен рок за доставување на апликациите е пет работни дена сметано од наредниот ден од денот на објавување.
2.2 Документи во прилог на апликацијата
2.2.1 Апликација за интерес (Образец 1)
2.2.2 Документи за правна, економско-финансиска и професионална состојба на апликантите. Како доказ за правната, економско финансиската и професионалната состојба, понудувачот треба да ги достави следните документи:
2.2.2.1 Решение за ветеринарно - санитарна дозвола за употреба на објект;
2.2.2.2 Записник потпишан од официјален ветеринар за правното лице, за секој поединечен објект со кој правното лице аплицира (Образец 2);
2.2.2.3 За докажување на способноста за вршење на професионалната дејност, понудувачот треба да достави со својата понуда документ за регистрирана дејност како доказ дека е регистриран како физичко или правно лице за вршење на дејноста поврзана со предметот на договорот за јавна набавка или доказ дека припаѓа на соодветно професионално здружение согласно со прописите на земјата каде што е регистриран. Документ издаден од Централниот регистар на РМ за регистрирана дејност – ветеринарно - здравствена дејност;
2.2.2.4 Лична состојба
-во последните 5 години, на понудувачот да не му била изречена правосилна пресуда за учество во злосторничка организација, корупција, измама или перење пари;
-на понудувачот да не му е изречена споредна казна забрана за учество во постапки за јавен повик, доделување на договори за јавна набавка и договори за јавно приватно партнерство;
-на понудувачот да не му е изречена споредна казна привремена или трајна забрана за вршење на одделна дејност;
понудувачот да не е во постапка за стечај или во постапка за ликвидација;
понудувачот да нема неплатени даноци, придонеси или други јавни давачки; освен ако на економскиот оператор му е одобрено одложено плаќање на даноците, придонесите или другите јавни давачки во согласност со посебните прописи и истите редовно ги плаќа;
-на понудувачот да не му е изречена прекршочна санкција - забрана за вршење на професија, дејност или должност, односно привремена забрана за вршење одделна дејност, и
- понудувачот е должен да дава точни податоци и да ги доставува податоците што ги бара договорниот орган.
2.2.2.5 Доказ дека со правосилна пресуда не е изречена мерка на безбедност -забрана за вршење дејност на секој носител на дејност (доктор по ветеринарна медицина) со кој понудувачот се јавува на конкурсот, издадена од надлежен Основен суд;
2.2.2.6 Изјава од одговорното лице за веродостојност на податоците од апликацијата (Образец 3).
Сите документи кои се доставуваат, треба да бидат доставени во оригинален примерок, или како копија заверена кај нотар. Сите документи, освен Решението од Агенцијата за храна и ветеринарство за ветеринарно - санитарна дозвола за употреба на објекти документот издаден од централен регистар на РМ за регистрирана дејност -ветеринарно здравствена дејност , не треба да се постари од 6 месеци.
Овластувањето на ветеринарни друштва се врши откако набавувачот ќе ја провери правната, економско - финансиската состојба, како и професионалната способност на апликантот за извршување на активностите.
2.3 Исклучување од понатамошна постапка
Од учество во понатамошна постапка на повикот ќе бидат исклучени апликанти кои не ги исполнуваат бараните критериуми од точките2.1 и 2.2:
- не ги исполнуваат условите согласно Законот за ветеринарното здравство и Правилникот за објектите, просториите, опремата, инструментите и хигиенските услови, кои треба да ги исполнуваат објектите на ветеринарната амбуланта, ветеринарната станица и ветеринарната болница („Службен Весник на Република Северна Македонија“ бр.17/99) и Правилникот за условите што треба да ги исполнува ветеринарската служба на одгледувалиште („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 54/08).
3. Начин на пријавување
Целата документација треба да се достави уредно во затворен плик со назнака „НЕ ОТВАРАЈ за јавен повик број 1/2017“. Документацијата се доставува до Агенцијата за храна и ветеринарство на улица III-та Македонска бригада бр. 20, 1000 – Скопје. Доставената документација не се враќа.
Апликациите за интерес треба да се доставуваат во еден оргинален примерок кој треба да биде заверен и потпишан (секоја страница) од страна на одговорното лице на апликантот.
Апликациите кои не се предадени во рокот, како и оние кои не се изготвени според пропозициите на јавниот повик нема да бидат разгледувани.
Отвoрањето на понудите се врши во присуство на овластените претставници на апликантите, при што секој апликант има право да номинира само по еден претставник на отворањето. Претставникот задолжително треба да има писмено овластување од одговорното лице на правното лице.
Понудите ќе се отвораат на 05.12.2017 година во 10,00 часот во просториите на Агенција за храна и ветеринарство ( III Македонска бригада бр.20, Скопје, зграда на Тутунска банка, во кругот на поранешна Македонија Табак).
4. Контакт за подетални информации
Тел: 02-2457893 и 02-2457873
Факс: 02-2457893, лок. 147
e-mail:info@fva.gov.mk
ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА АЛИЦИРАЊЕ: