Во насока на почитување на препораките на Владата на Република Северна Македонија за превенција и спречување на ширењето на КОВИД 19 вирусот, Агенцијата за храна и ветеринарство донесе одлука да го намали бројот на директни средби со странки и корисници на услугите на АХВ.
Одлуката е донесена со цел превенција и елиминирање на секоја можност од ширење на вирусот.
Сите странки кои имаат потреба за контакт со Агенцијата за храна и ветеринарство, тоа можат да го направат на телефонскиот број 02 2457 895 секој работен ден од 08:30 до 16:30 часот и преку електронското сандаче info@fva.gov.mk
Им препорачуваме на сите корисници на услугите на Агенцијата за храна и ветеринарство кои имаат потреба од достава на документи за мислење, истите да ги достават во скенирана форма по електронски пат до релевантните сектори во нашата институција.
Апелираме до нашите соработници и корисници на услугите, да ги почитуваат превентивните мерки кои ги донесе Владата на Република Северна Македонија и да сториме се што е во наша можност за да го спречиме ширењето на КОВИД 19 вирусот во државата.