Европската унија ја стави Република Северна Македонија на листата на трети земји одобрени за извоз на конзумни јајца на пазарите во Унија. Од страна на Европската комисија одлуката е донесена во почетокот на годинава, кога е одобрен и планот на Република Северна Македонија за контрола на Салмонела кај кокошките несилки.
Со одобрување на овој план, Република Северна Македонија обезбедува гаранции за здравствениот статус на живината и за безбедноста на конзумните јајца.
Со цел обезбедување на статус на Република Северна Македонија - земја одобрена за извоз и на живинско месо и производи од живина во Европската унија, минатата недела од страна на Канцеларијата за храна и ветеринарство при Европската комисија, извршена е инспекциска мисија на Агенцијата за храна и ветеринарство. Во рамки на мисијата направена е евалуација на контролниот систем за здравствена заштита на живината во Република Северна Македонија и проверка на усогласеноста на условите на живинарските фарми со законодавството на Унијата.