Увозот во Република Северна Македонија на пратки со живи животни, производи и нуспроизводи од животинско потекло, герминални производи, сено и слама и мешовити производи е дозволен само од определени ветеринарни инспекциски места на граничните премини. Владата на Република Северна Македонија донесе Одлука за определување на ветеринарни инспекциски места на граничен премин (Службен весник на РМ бр. 59/10) со која ветеринарните инспекциски места се определуваат за проверка и преглед на сите или само на одредени категории живи животни и производи.
Листата на ветеринарни инспекциски места на граничен премин во Република Северна Македонија е дадена подолу: