Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Владата ја донесе петгодишната Стратегија за безбедност на храната и храната за животни

13.04.2021
Владата ја донесе петгодишната Стратегија за безбедност на храната и храната за животни

Владата на Република Северна Македонија ја донесе Стратегијата за безбедност на храната и храната за животни за периодот 2021-2025, документ кој го подготви Агенцијата за храна и ветеринарство. Во него се отцртани правците на развој на националниот систем за безбедност на храна во наредниот петгодишен период, со основна цел овозможување на соодветно и навремено ефективно справување со сите предизвици од областа на безбедноста на храната и храната за животни. 

Основниот пристап на Стратегијата е продолжување на концептот за целосно и интегрирано покривање на процесот на производство на храната од нива до трпеза, односно на комплетниот синџир – од примарното производство на храна сè до крајниот потрошувач. Документот се надоврзува на претходните документи и стратегии, но и на релевантните политики и стратешки документи на Министерството за здравство и на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и на документите на Европската унија и меѓународните организации, пред сè на Организацијата за земјоделство и храна на Обединетите Нации - (FAO). 

Главните стратешки документи кои ги поставуваат насоките на Стратегијата се базираат на шест главни стратегиски области на делување: Првата е Интегрирање и создавање на заедничка платформа за координиран и интегриран приод на три области на храната: безбедност на храна, обезбеденост со храна и сигурност на храна, со цел постигнување на ефективен, одржлив и еластичен национален систем. Втората стратегиска област се однесува на унапредување на институционалниот капацитет во делот на официјални контроли и исполнетост на законските барања во областа на безбедноста на храната. Официјалните контроли ќе се спроведуваат на ефективен, ефикасен и сигурен начин за да обезбедат заштита на здравјето на луѓето, животните и растенијата и високо ниво на безбедност на храната; 

Превентивата и контролата на измамите со храна и сериозни закани за безбедност на  храната со цел потрошувачите секогаш да имаат пристап до автентична безбедна и нутритивно вредна храна е третата стратегиска област на делување. Обезбедувањето на безбедност, интегритет и автентичност на храната ќе се постигне со правилно и навремено откривање, спречување и преземање на активности за заштита на потрошувачите.

Унапредување на системот на научна поддршка, професионална експертиза и евиденција на активностите на агенцијата во областа на безбедноста на храна е четвртиот столб на Стратегијата и тој вклучува и  проценка на ризик и креирање на политики, програми и планови.

Надградбата на системот на  комуникација, едукација и соработка во областа на безбедност на храна е петтиот стратешки столб. Високото ниво на информираност, знаење и посветеност на потрошувачите и другите засегнати субјекти со воспоставен систем на комуникација и соработка се веќе институционализирани и се еден од столбовите на националниот систем на безбедност на храна и храна за животни.

Шесттата стратешка област се однесува на обезбедување институционална поддршка на политиката на исхрана на Министерството за здравство.

Ознаки
Категорија