Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Министрите за земјоделство ја поддржаа посветеноста на Светската организација за здравствена заштита на животните да ја обликуваат иднината на сточарството

06.02.2017
Министрите за земјоделство ја поддржаа посветеноста на Светската организација за здравствена заштита на животните да ја обликуваат иднината на сточарството

На 20 јануари 2018 година во Берлин, Германија се одржа десеттиот Глобален форум за храна и земјоделство на кој учествуваше и г-дин Љупчо Николовски, Министер за земјоделство, шумарство и водостопанство. На Глобалниот форум учествуваат вкупно 69-те делегации на министри кои до генералниот директор на Светската организација за здравствена заштита на животните (ОИЕ) и Организацијата за храна и земјоделство (ФАО) доставија документ со предлози за преземање активности во насока на дефинирање иднината на поодржливо, одговорно и ефикасно сточарско производство.

Во Комуникето се наведени активности кои треба да се спроведат со цел да се овозможи обликување на иднината на сточарството и истото е предадено на д-р Моник Елоит, генерален директор на ОИЕ, и г-дин Жозе Грацијано да Силва, генерален директор на ФАО,

Беше јасно укажана потребата да се подобри здравствената заштита на животните и нивната благосостојба, со четири основни области: превенција и контрола на болести, управување со благосостојба на животните, борба против антимикробна резистентност и градење на капацитетите.
Во контекст на проекцијата на зголемената побарувачка за храна од животинско потекло во многу региони во светот, поради зголемување на населението, доволен пристап до ветеринарни услуги и подобрено управување во врска со здравствената заштита и благосостојбата на животните, може да доведе до зголемување на глобалното производство на животни со околу 20%.
Дополнително, сточарското производство, кое може да има еколошки значајни влијанија врз почвата, водата и воздухот придонесува кон климатските промени, исто така е под влијание на климатските промени. Поради тоа, од исклучителна важност е контролата на појавата или повторната појава на болести кај животните.
За таа цел, Комуникето ја изразува намерата на министрите да ги поддржат Националните ветеринарни служби во развојот на политиките и стратегиите, со цел да се имплементираат и подобрат ефективните и ефикасните мерки за спречување, контрола и искоренување на болести. Исто така, ги потсетува земјите на нивната обврска неодложно да ги пријават во ОИЕ епидемиите на болести кај животните и да ја поддржат модернизацијата на Светскиот информативен систем за здравствена заштита на животните (WAHIS +).
На состанокот беа потврдени Глобалните програми за болести кај животните, како што се заедничките стратегии на ОИЕ и ФАО за искоренување на чума кај мали преживари и лигавка и шап, како и заедничкиот акциски план на ОИЕ, СЗО и ФАО за искоренување на беснило.
Во оваа прилика министрите повикаа на засилена меѓународна соработка, особено за поефикасна национална и прекугранична контрола на болести кај животните, особено во рамки на Глобалната рамка за прогресивна контрола на прекуграничните болести на животните (GF TAD), заеднички основана од ФАО и ОИЕ.

Категорија