Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

И годинава АХВ дел од светскaта кампања за борба против беснилото

28.09.2018
И годинава АХВ дел од светскaта кампања за борба против беснилото

Агенцијата за храна и ветеринарство на Република Северна Македонија и оваа година се приклучува кон глобалната кампања за одбележување на Светскиот ден на борба против беснило - 28 септември. По тој повод, утре, сабота, 29 септември 2018 година, пред Школка во Градски парк, од 10:30 до 13:00 часот, Агенцијата во соработка со Ветеринарната комора на Македонија од организира промотивно – едукативен настан за подигнување на јавната свест за беснилото и важноста за вакцинација на домашните миленици како една од превентивните мерки за спречување на ширење на оваа болест која е опасна и за човекот.
Ветеринарните друштва учесници на настанот, од 10:30 до 13:00 часот ќе вршат бесплатен преглед на домашните миленици и ќе даваат совети за заштита на нивното и здравјето на нивните сопственици.
На настанот ќе бидат презентирани едукативни видео материјали за превенција на беснилото, за најмладите и дечињата од СОС Детско село ќе се организира едукативна работилница - ликовна академија на тема “Јас и мојот миленик”. Присутните ќе ги забавуваат DJ и музичка група.

Категорија