Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Демант: Oвошјето и зеленчукот во РМ се безбедни

20.01.2017
Демант: Oвошјето и зеленчукот во РМ се безбедни

Како одговорна институција за безбедноста на храната и здравствената заштита на животните, Агенцијата за храна и ветеринарство најостро го демантира објавениот напис на интернет порталот news24.mk - “Намирници полни со пестициди на македонските пазари:листа со 12 најотровни” со кој свесно, без аргументи се дезинформира македонската јавност дека овошјето и зеленчукот кој се продава во Република Северна Македонија е небезбедно и полно со пестициди.
Одговорно тврдиме дека на македонскиот пазар, овошјето и зеленчукот, од домашно производство и од увоз се безбедни. Редовно се контролира се контролира домашниот пазар, а дополнително, покрај контролите,секоја година, Агенцијата за храна и ветерионарство ја спроведува и Мониторинг програмата за безбедност на храната со која се следи усогласеноста на производите со безбедносните критеруиуми, вклучително и на овошјето и зеленчукот и процентот на пестициди и други препаратаи за заштита на растенијата кои тие ги содржат.

Употребата на пестициди и другио хемиски препратаи за заштита на растенијата во Република Северна Македонија е строго утврдена со законските и подзаконките акти кои ја уредуваат оваа материја, а кои се комплетно усогласени со европкската легислатива.

Примарната контрола на производството и употребата на препаратите за заштита на растенијата во земјоделското производство ја врши Државниот земјоделски инспекторат, а контролата во прометот се спроведува од страна на инспекторите за храна на Агенцијата за храна и ветеринарство.
Во земјава не се дозволува увоз на производи (овошје и зеленчук) кои содржат препарати за заштита на растенијата над максимално дозволените концентрации дефинирани во законските и подзаконските акти кои се однесуваат на безбедноста на оваа категорија производи.
За небезбедните пратки не се дозволува внес во земјава, односно истите се враќаат во земјата извозник, или безбедно се уништуваат.
Свесното манипулирање на граѓаните и презентирањето на стари извештаи, кои воопшто не се однесуваат на состојбата со пазарот на овие производи во нашата земја, интернет порталот news24.mk го направи без да се консултираат домашните институции одговорни за безбедноста на храната, неводејќи сметка за принципите кои се однесуваат на објективното и точно информирање.


Категорија