Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

25 години од формирањето на Комитет за санитарни и фитосанитарни мерки на Светската трговска организација (СТО СПС комитет)

11.11.2020

Договорот за санитарни и фитосанитарни мерки ги охрабрува Владите „да воспостават национални СПС мерки во согласност со меѓународните стандарди, упатства и препораки“, како што се оние развиени од Владите на земјите членки на Светската трговска организација (СТО) во други меѓународни организации. Новина во Договорот за СПС е што експлицитно се споменуваат три организации за поставување стандарди („трите сестри“), и тоа: Комисијата на Кодекс алиментариус во однос на безбедност на храната; Светската организација за здравствена заштита на животните (OIE) во однос на здравјето на животните, и Меѓународната конвенција за заштита на растенијата (IPPC) во однос на здравјето на растенијата.


Aктивно учество во работењето на Кодекс

Формирањето на СТО во 1995 година охрабри поактивно учество во Кодекс, особено на земјите со низок и среден приход и го отвори патот кон поширок глобален консензус во поставувањето на стандардите и развојот на рамката за анализа на ризик, фундаментална за начинот на воспоставување на стандардите денес.

„Стандардите на Кодекс потребни повеќе од кога било“

СТО СПС комитетот и Кодекс тесно соработуваат во изминатите 25 години. „Договорот за СПС го признава Кодекс како тело за утврдување на стандарди за безбедност на храната. Меѓународните Кодекс стандарди засновани на наука обезбедуваат трговијата со храна да се одвива на потранспарентен и поефикасен начин. Тие ќе бидат потребни повеќе од кога било за да им помогнат на земјите членки да се справат со предизвиците за безбедност на храната во следните 25 години “, изјави Кристијане Волф, раководител на одделот за СПС, при СТО.


Целата статија може да се преземе на следниот линк: