Во година кога светот се соочува со невидена закана поради пандемијата КОВИД-19, оваа публикација ги бележи активностите на Кодекс Алиментариус на патот кон безбедна и квалитетна храна за секого во периодот од јули 2019 година (CAC42) до септември 2020 година.
Во текот на годината, некои Комитети на Кодекс се состанаа според предвиденото за да разговараат за ажурирање на меѓународните стандарди за храна, упатства и кодекси на практика.Тука се вклучени и шестте ФАО/СЗО Координативни комитети кои ги опфаќаат сите региони во светот.
Состаноците ненадејно беа прекинати во март 2020 година и тогаш за првпат во својата историја Кодекс започна со одржување на виртуелни состаноци на Извршниот комитет и Комисијата на Кодекс Алиментариус.
Како одлучувачко тело за „кодовите за храна“, Комисијата на Кодекс Алиментариус ќе одлучува по однос на предлозите на Комитетите преку серија на виртуелни сесии во период од четири недели.
Годишната публикација на Кодекс може да се преземе на следниот линк:
http://www.fao.org/3/cb1502en/CB1502EN.pdf