Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Белгиската компанија Приморис заинтересирана за проширување на соработката во Република Северна Македонија

06.07.2017
Белгиската компанија Приморис заинтересирана за проширување на соработката во Република Северна Македонија

Директорот на Агенција за храна и ветеринарство Зоран Атанасов, денес, одржа работен состанок со претставникот за економија и трговија на Белгиската амбасада и првите луѓе на специјализираната лабораторија за анализи во областа на безбедноста на храната Приморис Белгија. Компанијата го изрази интересот за проширување на нивните активности и во Република Северна Македонија и воспоставување на повисоко ниво на соработка со бизнис операторите од земјава и со Агенцијата за храна и ветеринарство.
Директорот Атанасов ја презентира постоечката законска рамка врз основа на која се вршат лабораториските испитувања на безбедноста на храната во Република Северна Македонија, акцентирајќи дека во овој дел Република Северна Македонија е комплетно усогласена со европската легислатива. Лаборатории во Македонија, додаде тој, бележат континуиран прогрес во акредитирање на нови, современи, европски признаени методи за контрола на безбедноста на храната. Но, додаде тој, евидентна е и потребата на приватниот сектор за зголемување на опсегот и квалитетот на лабораториски испитувања, особено имајќи го во предвид планираниот раст на одредени индустриски сектори во Македонија.
Изразена беше подготвеност за соработка на Агенцијата за храна и ветеринарство и со оваа компанија, почитувајќи ги основите на законските и подзаконските акти кои ја дефинираат работата на лабораториите во областа на безбедноста на храната, оценувајќи ја како позитивна досегашната вклученост на компанијата Приморис во соработката со бизнис секторот во нашата земја.
Меѓународно акредитираните методи, објаснија од компанијата, се гаранција за прецизност, сигурност и брзина во добивање на резултатите од испитувањата кои ги вршат во нивните лаборатории. Претставникот на Белгиската амбасада изрази подготвеност за продолжување на соработката и поддршка на Агенцијата за храна и ветеринарство во унапредување на активностите во полето на безбедноста на храната.

Категорија